| Macedonian
Дневни блиц вести 07.04.2025
00:00
00:0000:00
Политика
Дневни блиц вести 07.04.2025
Слушате блиц вести на ТРТ Балкан, денес сме понеделник 7 април
7 април 2025

Србија ќе добие нов премиер, а продолжуваат преговорите меѓу САД и Русија.

Вучиќ му додели мандат на Ѓура Мацут за нов премиер на Србија

Претседателот на Србија Александар Вучиќ го именуваше проф. д-р. Ѓурo Мацут како кандидат за премиер на Србија, откако на крајот на јануари Милош Вучевиќ поднесе оставка од функцијата. Мацут е меѓународно признат ендокринолог и професор на Медицинскиот факултет во Белград.

Трамп ги нарече царините „горчлив лек“ додека паѓаат берзите

Американскиот претседател Доналд Трамп ги опиша царините како горчлив, но неопходен лек за решавање на трговскиот дефицит на САД со многу земји. Тој додаде дека со својата политика не се обидел намерно да предизвика турбуленции на пазарот и дека американската економија ќе се стабилизира.

Ле Пен на протест во Париз порача дека нема да се повлече

Француската екстремно десничарска лидерка Марин Ле Пен вети дека нема да отстапи, обраќајќи се на собирот во Париз организиран во знак на протест против пресудата со која и се забранува да извршува јавна функција на пет години. Ле Пен ја опиша пресудата како „политички лов на вештерки“.

Русија и САД направиле исчекор во преговорите за повеќе прашања

Разговорите меѓу Москва и Вашингтон за ставање крај на тригодишната војна во Украина се очекува наскоро да продолжат, брифираше Кирил Димитриев, специјалниот руски претставник Тој разговарал со претставници на администрацијата на претседател Трамп во Вашингтон и двете страни направиле голем исчекор за повеќе прашања.

И за крај на денешниот блиц...

Куртулмуш побара праведен глобален економски систем

Претседателот на Големото национално собрание на Република Туркије Нуман Куртулмуш ја истакна потребата од нов глобален економски систем заснован на правда и еднаквост, предупредувајќи дека секој систем од кој корист имаат малкумина може ги ослабне државите и да доведе до конфликти и војни.

Тоа беше се за денешните блиц вести. За повеќе посетете на macedonian.trtbalkan.com

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 16.03.2026
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите
БалканКаст: Пораките кои папата Франциско ги остави во регионот