Самит на лидерите на ЕУ во Брисел, на агендата заемот за репарации за Украина. Зеленски смета дека Москва се подготвува за продолжување на војната. Порака од челниците на Европската унија, цврсто ја поддржуваме иднината на Западен Балкан во Унијата. Четворица убиени во новиот американски напад врз брод во источен Пацифик. Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за четврток 18 декември.
Самит на лидерите на ЕУ, на агендата заемот за репарации за Украина
Лидерите на 27 земји членки на Европската Унија (ЕУ) во Брисел одржуваат дводневен самит на Европскиот совет, на кој на врвот на агендата ќе биде спорниот предлог за користење на замрзнатите руски средства за заем за Украина.
Ќе се разговара и за следната повеќегодишна финансиска рамка, проширувањето и геоекономската состојба, развојот на настаните на Блискиот Исток, европската одбрана и миграцијата.
Зеленски: Русија дека сака да ја продолжи војната во Украина, потребни се гаранции
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера ја обвини Москва дека сака да ја продолжи тековната руско-украинска војна, повторувајќи ја потребата од гаранции за неговата земја.
„Денес повторно слушнавме сигнали од Москва дека се подготвуваат следната година да ја направат година на војна. И овие сигнали не се само за нас. Потребни се безбедносни мерки, потребни се финансиски мерки - вклучително и мерки врз руските средства - и политички мерки“, рече Зеленски во вечерното видео обраќање објавено на Телеграм.
Кошта: Цврсто ја поддржуваме иднината на Западен Балкан во ЕУ
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, изјави во Брисел по самитот ЕУ-Западен Балкан дека проширената Европска Унија значи побезбедна, посилна и помирна Европа. И дека Брисел цврсто ја поддржува иднината на Западен Балкан во Европската унија.
Според претседателот на Европскиот совет проширувањето на Унијата е клучно од геополитичка перспектива и од безбедносен аспект и за да се покаже дека тоа е привлечен и кредибилен проект и мора да ги исполни очекувањата
Фон дер Лајен: ЕУ се движи кон укинување на сите мерки против Косово
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, доцна вчера објави дека Европската Унија се движи кон укинување на мерките против Косово, најавувајќи значителна финансиска поддршка.
„Добри вести за Косово! Трансферот на локалната самоуправа во северно Косово по неодамнешните локални избори беше мирен. Благодарение на ова, со задоволство објавувам дека продолжуваме со укинување на мерките против Косово“, напиша фон дер Лајен на американската социјална мрежа X.
Четворица убиени во новиот американски напад врз брод во источен Пацифик
Соединетите Американски Држави (САД) во среда извршија уште еден напад во источниот Пацифик, насочен кон брод за кој се тврди дека е вклучен во трговија со дрога, при што загинаа четири лица на бродот, според Јужната команда на САД (SOUTHCOM).
„Разузнавањето потврди дека бродот транзитирал по позната рута за трговија со дрога во источниот Пацифик и бил вклучен во операции за трговија со дрога“, објави Јужната команда на социјалната мрежа X.
Тоа беше се за денешните блиц вести. За повеќе информации посетете не на macedonian.trtbalkan.com.
