Трамп: Ќе разговараме за распоредување турски војници во Газа
Американскиот претседател Доналд Трамп посочи дека разговарал со лидерите за распоредување турски војници во Газа како дел од силите за стабилизација и исполнување на втората фаза од договорот за прекин на огнот и мир со Израел.
Шпанија набави 30 авиони Хурџет од турско производство
Шпанија потпиша договор за набавка на 30 млазни авиони за тренинг намени од видот Хурџет кои се од турско производство. Договорот вреди 2,6 милијарди евра, а авионите ќе ги произведе компанијата Тусаш.
Продолжуваат опозициските протести во Тирана
Албанската опозиција ги продолжи антивладините протести во Тирана. Пред кабинетот на премиерот упатија порака дека нема да се откажат од барањето за оставка на Еди Рама и вицепремиерката Белинда Балуку, поради обвинувања за корупција и злоупотреба во јавните набавки.
Ердоган: Израел ги зголемува напорите за дестабилизација на регионот
Израелските напори за дестабилизација на регионот се зголемуваат, порача турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, наведувајќи ја одлуката на Тел Авив да ја признае сепаратистичката Сомалиленд како еден од примерите. Територијалниот интегритет на Сомалија мора да се поддржи, додаде Ердоган.
ЕУ очекува да се формира Влада на Косово што побрзо
По предвремените парламентарни избори во Косово на кои победи Самоопределување на Албин Курти, Европската унија очекува брзо формирање на нов Парламент и Влада, како и посилни реформи поврзани со европската интеграција и ратификување на договорите од Планот за раст.
