| Macedonian
Турскиот претседател Ердоган и американскиот државен секретар Блинкен разговараа за политичката транзиција во Сирија и геноцидот во Газа
00:00
00:0000:00
Политика
Турскиот претседател Ердоган и американскиот државен секретар Блинкен разговараа за политичката транзиција во Сирија и геноцидот во Газа
Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денес сме петок, 13 декември

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и американскиот државен секретар Антони Блинкен разговораа за регионалната соработка и заедничките цели, вклучително и зачувувањето на територијалниот интегритет, единството и унитарната структура на Сирија. Дискусиите во Анкара, исто така, се осврнаа на „итната потреба“ за прекин на огнот во Газа и договор за размена на затвореници за да се овозможи зголемена хуманитарна помош за Палестинците. Ердоган ја потврди посветеноста на Туркије за територијалниот интегритет на Сирија и вети дека ќе преземе мерки против терористичките групи.

Израел уби најмалку 30 Палестинци во воздушен напад врз дом во кампот Нусејрат во опколената Газа. Израелски борбени авиони гаѓаа неколку домови и згради во кампот, објави официјалната палестинска новинска агенција ВАФА. Според информациите повеќето од жртвите се жени и деца.

Израел продолжува да ја блокира хуманитарна помош во Газа. Израелската армија не дозволи влез на конвојот на ОН кој превезува гориво и медицински материјали за северниот дел на Газа, изјави директорот на болницата Камал Адван. Светската здравствена организација извести дека конвојот бил принуден да се врати во јужниот дел на Газа откако бил блокиран. Болницата се соочува со сериозен недостиг на медицински материјали, и работи со минимален капацитет.

Сириската мрежа за човекови права идентификуваше над 6.000 офицери вклучени во воени злосторства под режимот на Башар ал Асад. Директорот Фадл Абдулгани ја повика новата сириска влада да формира национален суд за кривично гонење на одговорните и предупреди дека немањето правда може да предизвика одмазда од семејствата на жртвите. Тој ја нагласи потребата од меѓународна поддршка, вклучувајќи експертиза и финансиска помош, за создавање независно судство во Сирија.

И за крај на денешниот блиц...

Туркије назначи привремен вршител на должност во амбасадата во Дамаск, што претставува значаен чекор во дипломатскиот ангажман со Сирија по долгогодишното затворање поради граѓанската војна. Амбасадорот Бурхан Короглу, актуелен претставник на Туркије во Мавританија и избран на функцијата.

Тоа е се за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com

Слушни повеќе
Дневен блиц за 28.05.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите