| Macedonian
Блиц вести 14.05.2025
00:00
00:0000:00
Свет
Блиц вести 14.05.2025
Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска сме среда 14 мај
14 мај 2025

Трамп сака директни преговори за трговската војна со кинескиот претседател, а Макрон смета дека ситуацијата во Газа е катастрофална.

Трамп: Подготвен сум за директен разговор со Си

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека би можел директно да преговара со кинескиот претседател Си Џинпинг за последните детали од трговскиот договор меѓу САД и Кина. Двете земји започнаа трговска војна со ескалација на царините. 

Мелони му се заблагодари на Ердоган за посредништвото меѓу Русија и Украина

Италијанската премиерка Џорџија Мелони му изрази благодарност на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за континуираните дипломатски напори за ставање крај на конфликтот меѓу Русија и Украина. Се очекува директните преговори да започнат во Истанбул. 

Колумбија се приклучува на иницијативата „Појас и пат“ на Кина

Колумбија потпиша план за соработка за иницијативата „Појас и пат“ со Кина, а претседателот Си Џинпинг истакна дека формалното пристапување на јужноамериканската држава е можност за зголемување на билатералната соработка. 

Најмалку 60 Палестинци загинаа во ноќните напади на израелската војска врз Газа

Израелските сили убија речиси 60 Палестинци во ноќните воздушни напади врз Појасот Газа, меѓу кои има жени и деца. Палестинската новинска агенција Вафа јави дека биле погодени станбени згради и бегалски камп во Џабалија.

И за крај на денешниот блиц...

Макрон: Ситуацијата во Газа е хуманитарна трагедија и е неприфатлива

Францускиот претседател ја нарече ситуацијата во Појасот Газа „хуманитарна трагедија“ и „неприфатлива“. Тој дека „единствениот начин да се постигне политичко решение е преку формирање палестинска држава со меѓусебно признавање со Израел.

Тоа е се за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 15.04.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите