Туркије го има клучот за иднината на Сирија смета Трамп, а во Америка се појавија мистериозни дронови
Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денес сме вторник, 17 декември
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп смета дека ситуацијата во Сирија е неизвесна, но клучот за иднината го има Туркије. Тој го пофали турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за улогата на Туркије во падот на режимот на Башар ал Асад кого го нарече касап за неговите злодела. Туркије додаде дека е главна сила во регионот.
Според Европскиот центар за уставни и човекови права Израел врши геноцид врз Палестинците во Газа. Берлинската организација спроведе независно истражување и анализа на постапките на Израел во Газа според кои се одвива геноцид. Групата истакна дека бројни извештаи, коментари и пресуди го поддржуваат овој заклучок, дополнително нагласувајќи ја сериозноста на ситуацијата.
Американски претставници сметаат дека има потенцијал за примирје во преговорите меѓу Израел и Хамас. Разговорите се продуктивни и остануваат неколку клучни разлики. „Продолживме да се обидуваме да работиме со другите посредници за да ги намалиме разликите“, изјави Метју Милер, портпаролот на Стејт Департментот нагласувајќи ги тековните напори за постигнување договор.
Над 12 масовни гробници се откриени во сириската покраина Дара, во кои има останки за кои се верува дека се цивили убиени од режимот на соборениот Башар ал Асад. Гробниците се откриени по неодамнешниот колапс на режимот, додека операциите за пребарување и истражување на злосторствата продолжуваат низ целата земја.
И за крај на денешниот блиц...
Мистериозните беспилотни летала забележани низ најмалку осум американски држави предизвикуваат вознемиреност и национална дебата, при што се забележани во близина на критични места, вклучително и база на воздухопловните сили. Трамп тврди дека нешто чудно се случува со дроновите и обвини дека власта крие информации. Најмногу се забележуваат на Источниот брег и се чекаат официјални одговори.
Тоа е се за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com
