Посредниците во преговорите за прекин на огнот во Газа работат на завршницата на договорот меѓу Израел и Хамас за крај на 14 месечната војна во палестинската енклава. Палестински извори откриваат дека биле прифатени повеќе барања кои претходно недостасувале во преговорите, додека египетски извори брифираат дека договорот може да се склучи во наредните денови.
Мајк Кејси, поранешен политички советник во Стејт Департментот, обвини дека не постои американска политика за Палестина, туку дека само се следат насоките и желбите од Израел. Кејси поднесе оставка во јули, и критиките ги изнесе за британски Гардијан.
Израел изврши смртоносни воздушни напади врз електрани, пристаниште и нафтена постројка во Јемен, во кои загинаа девет лица, што претставува ескалација на конфликт со борците Хути. Нападите се одвиваат во услови на зголемени тензии во регионот, бидејќи тековната војна во Јемен дополнително ги вклучува надворешните сили.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја повтори поддршката за „единството и мирот“ на Либан, и ја повика меѓународната заедница да изврши притисок врз Израел да го почитува примирјето. Ердоган разговарше со либанскиот премиер Наџиб Микати и ги осуди напорите за дестабилизација, го повика Израел да ја надомести штетата од неодамнешната ескалација и ја нагласи безбедноста на Либан како клучна за регионалната стабилност.
И за крај на денешниот блиц...
Федералните резерви на САД минимално ја намалија основната каматна стапка бидејќи се уште постои ризик од инфлација, и неизвесност за економскиот план на новоизбраниот претседател Доналд Трамп. Прогнозите се дека каматната стапка претпазливо ќе се намалува во следните квартали, а инфлацијата е коригирана на 2.5 отсто.
Тоа е се за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com
