| Macedonian
Блиц вести за 03.03.2026
00:00
00:0000:00
Политика
Блиц вести за 03.03.2026
Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за вторник трети март.
пред 18 часа

Израел започна големи воздушни напади во Техеран, ирански дронови ја погодија амбасадата на САД во Ријад, Бахреин и Катар пресретнале 170 ирански ракети за три дена. Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за вторник трети март.

Израел започна со големи воздушни напади врз Техеран и Бејрут

Израелската Армија денес соопшти дека започнала со истовремени големи воздушни напади врз цели во Техеран и Бејрут.

Армијата соопшти дека израелските воздухопловни сили извршиле координирани напади врз локации поврзани со иранската администрација во Техеран и врз позиции што му припаѓаат на Хезболах во главниот град на Либан.

Соопштението следуваше по израелските воздушни напади вчера рано изутрина врз јужните предградија на Бејрут и јужен Либан, во кои беа убиени 31 лице, а 149 други беа повредени, според Министерството за здравство на Либан.

Ирански дронови ја погодија амбасадата на САД во Ријад

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Ријад, Саудиска Арабија била погодена од два дрона, а во дипломатскиот комплекс избувнла пожар, но засега нема пријавени жртви, објави саудиското Министерство за одбрана.

Се наведува дека е предизвикана мала материјална штета.

Иран го затвори Ормускиот теснец и се закани со напади врз бродовите

Советник на командантот на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) објави дека Ормускиот теснец, еден од најважните светски извозни правци за нафта, е затворен, предупредувајќи дека секој брод што ќе се обиде да помине низ водниот пат ќе биде нападнат.

Советникот на командантот на ИРГЦ изјави дека иранските сили ќе ги таргетираат сите бродови што ќе се обидат да го преминат Ормускиот теснец, како и нафтоводите на „непријателот“ и оти нема да дозволат извоз на нафта од регионот.

Нетанјаху: Нема да има бесконечна војна против Иран

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека тековната војна на САД и Израел против Иран нема да биде бесконечна. Според него, уништувањето на иранскиот режим ќе го отвори патот за „многу мировни договори“ со други муслимански земји во регионот.

„Нема да имате бесконечна војна. Прво ќе создадеме услови иранскиот народ да ја преземе контролата врз својата судбина, да формира своја демократски избрана влада, што ќе создаде сосема поинаков Иран“, рече тој.

Бахреин и Катар пресретнаа повеќе од 170 ирански ракети и десетици дронови за три дена

Бахреин и Катар денеска соопштија дека нивните системи за воздушна одбрана пресретнале и уништиле вкупно повеќе од 170 ракети и десетици дронови лансирани од Иран во последните три дена, додека Техеран ги продолжил нападите врз цели поврзани со САД во регионот како одговор на тековната израелско-американска воена кампања.

Генералната команда на одбранбените сили на Бахреин соопшти дека нивните системи за воздушна одбрана уништиле и собориле 70 ракети и 76 дронови лансирани од Иран откако нападите започнаа во саботата.

Тоа беше се за денешните блиц вести. За повеќе информации посетете не на macedonian.trtbalkan.com.

Слушни повеќе
Дневен блиц за 02.03.2026
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите
БалканКаст: Пораките кои папата Франциско ги остави во регионот