| Macedonian
Дневен блиц за 25.03.2026
00:00
00:0000:00
Политика
Дневен блиц за 25.03.2026
Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за среда 25 март.

Иран повика на формирање воен сојуз без САД и ИЗраел, нови израелски напади на Либан, Србија воведува задолжителен воен рок, Трамп го поддржа Орбан во пресрет на изборите во Унгарија. Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за среда 25 март.

Иран повика на формирање воен сојуз без САД и Израел

Иран денеска ги повика земјите од Блискиот Исток да воспостават безбедносен и воен сојуз што експлицитно ги исклучува САД и Израел.

Мора да се обединиме за да ја гарантираме нашата безбедност и да се движиме кон колективна безбедносна повелба заснована на исламот и Куранот како референца, јадро и цврста основа, изјави Ебрахим Золфагари, портпарол на Централната команда на Хатам ал-Анбија, во видео порака до арапскиот и исламскиот свет.

Медиумите откриваат детали од планот со 15 точки за крај на војната на Блискиот Исток

Медиумски извештај доцна вчера откри детали за планот што САД му го доставија на Иран, со цел да се стави крај на војната на Блискиот Исток, откако претседателот Доналд Трамп изјави дека Вашингтон и Техеран се договориле околу 15 главни точки.

Меѓу другото планот вклучува демонтирање на сите постоечки ирански нуклеарни објекти и обврска дека Иран никогаш нема да се стреми кон нуклеарно оружје, објави израелскиот Канал 12. За возврат, сите санкции врз Иран ќе бидат укинати, се вели во извештајот.

Нови израелски напади во Либан, девет загинати, 47 повредени

Во нов бран израелски напади загинаа најмалку девет лица, а 47 се повредени во јужен Либан, објавија денеска либанските медиуми.

Израелската војска интензивно го бомбардира Либан и спроведува копнена офанзива на југот од земјата по прекуграничниот напад на либанската група Хезболах на 2 март.

Либанските власти велат дека најмалку 1.072 лица се убиени, а 2.966 се повредени во израелските напади од тогаш.

Србија воведува задолжителен воен рок од 75 дена

Српскиот министер за одбрана, Братислав Гашиќ, изјави дека се создадени услови за повторно воведување на задолжителен воен рок во траење од 75 дена и дека одлуката за почеток на служењето ќе зависи од глобалните околности.

Гашиќ изјави дека воената служба би можела да започне во декември оваа година или во март 2027 година, во зависност од развојот на меѓународната ситуација.

Трамп го поддржа Орбан во пресрет на изборите во Унгарија

Американскиот претседател Доналд Трамп јавно го поддржа унгарскиот премиер Виктор Орбан пред парламентарните избори во Унгарија закажани за 12 април.

Во објава на социјалната мрежа Truth Social, Трамп го нарече Орбан „силен и моќен лидер“ кој постигнал „феноменални резултати“ и кој, како што рече, „неуморно се бори за својата земја и народ“.

Тоа беше се за денешните блиц вести. За повеќе информации посетете не на macedonian.trtbalkan.com.

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 30.04.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите