| Macedonian
Дневни блиц вести 12.08.2026
00:00
00:0000:00
Свет
Дневни блиц вести 12.08.2026
Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е среда 12 август

САД тврдат дека го контролираат Ормускиот Теснец. Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета. Илхан Омар убедливо победи на изборите во Минесота. Дрон предизвика пожар во електрана во Либија, Виетнам планира да обучи 10.000 експерти за вештачка интелигенција до 2030 година.

Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е среда 12 август

Трамп: Имаме целосна контрола врз Ормутскиот Теснец

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не му верува на Иран и тврди дека САД во моментов имаат „целосна контрола“ врз Ормускиот Теснец. „Не му верувам на Иран. Зошто - велите дека му верувам на Иран?! Јас сум последниот човек што му верува на Иран“, им рече Трамп на новинарите во базата Ендрус во Мериленд по неговото патување во Охајо.

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

Северна Кореја испали балистичка ракета кон Источното Море, што е второ такво лансирање за помалку од една недела, соопшти војската на Јужна Кореја. Здружениот штаб на вооружените сили на Јужна Кореја (ЏЦС) соопшти дека детектирал лансирање ракета од областа Вонсан на источниот брег. Ракетата патувала над 700 километри, објави новинската агенција Јонхап.

Илхан Омар го продолжува трендот на изборни победи кај демократите

Пратеничката Илхан Омар победи на партиските избори на демократите во 5-тиот конгресен округ во Минесота, според излезните анкети. Омар која се кандидира за четврти мандат, го претставува округот со центар во Минеаполис. Таа освои над 80% од гласовите против неколку противкандидати на првичните избори.

Дронски напад врз централа во Либија предизвика пожар

Беспилотно летало погоди електрана во западниот либиски град Завија рано утрово, предизвикувајќи пожар во објектот. Снимките објавени од либиските медиуми покажаа пламен како се издига од електраната по пријавениот напад. Инцидентот следува по серија напади со беспилотни летала врз клучната инфраструктура во Завија, град лоциран околу 40 километри западно од престолнината Триполи.

И за крај на денешниот блиц…

Виетнам има за цел да обучи 10.000 професионалци за вештачка интелигенција пред 2030 година

Виетнам планира да обучи најмалку 10.000 висококвалификувани професионалци за вештачка интелигенција, вклучувајќи 1.500 за основни технологии, до 2030 година. Вицепремиерот Ле Тиен Чау во вторник ја потпиша Националната програма за развој на човечки ресурси за вештачка интелигенција (ВИ), се вели на владина веб-страница.

Тоа е сѐ за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 05.10.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите