| Macedonian
Блиц вести за 27.10.2025
00:00
00:0000:00
Политика
Блиц вести за 27.10.2025
Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за понеделник 27 октомври.

Трамп смета дека Русија треба да се фокусира на завршување на војната во Украина, тешка механизација влезе во Газа за обнова на уништенитре области, најмалку четири мигранти загинаа во близин на грчкиот остров Лезбос. Следите блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за понеделник 27 октомври.

Трамп: Русија треба да ја заврпи војната во Украина наместо да тестира ракети

Русија треба да се фокусира на завршување на војната со Украина, наместо на тестирање ракети, изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп, еден ден откако Москва соопшти дека го завршила тестот на својата нова крстосувачка ракета со нуклеарен погон „Буревестник“.

Намалувајќи го значењето на тестирањето на ракетата „Буревестник” тој рече дека САД имаат нуклеарна подморница „веднаш до нивните брегови“

Лавров: Неправедно е да се прашува Русија кга ќе престане да војува во Украина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров синоќа изјави дека е неправедно да се прашува кога Русија ќе ги прекине воените операции во Украина.

Околу тоа дали руските услови за преговори за Украина вклучуваат флексибилност, по прашањето за териториите - особено, по прашањето за земјите од Донбас, кои сè уште се под контрола на украинските вооружени сили, како и Херсон и Запорожје, Лавров рече дека ова се разгледува во различни формати.

Тешка механизација влезе во Газа за обнова на областите уништени од израелските напади

Тешка механизација влезе вчера во Појасот Газа за да помогне во напорите за обнова на областите уништени од израелските напади, а властите започнаа со расчистување на урнатините и обновување на инфраструктурата низ енклава уништена од војна.

Обединетите нации проценуваат дека обновата на Газа ќе чини околу 70 милијарди долари.

Најмалку четворица мигранти загинаа во близина на грчкиот остров Лезбос

Најмалку четири мигранти загинаа во бродолом кај грчкиот остров Лезбос во северниот дел на Егејското Море, објави денеска јавниот радиодифузен сервис ЕРТ.

Во тек е потрага по евентуално исчезнати лица по спасувањето на седум мигранти во морската област југозападно од 'ртот Агрилија

 Можен е договор за ТикТок на средбата на Трамп со Џинпинг

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека договорот за продажба на операциите на ТикТок во САД може да биде финализиран за време на неговата средба со кинескиот претседател Ши Џинпинг во текот на неделата.

Трамп рече дека добил „првично одобрение од претседателот Ши“ и очекува дополнително одобрение, но претпочита да „почека до неколку дена“.

Тоа беше се за денешните блиц вести. За повеќе информации посетете нд на macedonian.trtbalkan.com.

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 30.04.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите