ЕУ ќе исплати 3,3 милијарди евра на Украина за ракети и беспилотни летала, Пентагон размислува за повлекување на 25 000 војници од Европа, 12 лица загинаа во ноќните напади меѓу Русија и Украина. Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за петок 18 септември.
Мицкоски: За членство во ЕУ треба да се применува пристап заснован на заслуги што не е случај со нас
Пристапот за членство во ЕУ треба да биде пристап заснован на заслуги, но во нашиот случај тажно, но, вистинито тоа не е ни приближно така, изјави премиерот Христијан Мицкоски во интервју за Атлантски совет, тинк тенк организација од Вашингтон.
Тој додава дека на ова патување државата се соочува и се справува со таканаречени билатерални прашања и не може да оди напред, иако, како што вели, испорачува се кога станува збор за пристапот за членство во ЕУ, но, заснован на заслуги.
Фон дер Лајен: ЕУ ќе исплати 3,3 милијарди евра за ракети и беспилотни летала за Украина
Европската Унија (ЕУ) ќе исплати 3,3 милијарди евра за ракети и беспилотни летала за Украина, соопшти вчера претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, по телефонскиот разговор со украинскиот претседател Владимир Зеленски.
Таа рече дека исплатата се реализира во време кога руските напади и натаму се насочени кон украинскиот главен град.
Дванесет лица загинаа во ноќните напади меѓу Русија и Украина
Москва и Киев во текот на ноќта разменија напади, при што во Украина биле повредени 12 лица, а на двете страни е предизвикана материјална штета.
Во Киев, во рускиот напад со беспилотни летала биле повредени пет лица, меѓу кои три деца, соопшти шефот на Градската воена управа, Тимур Ткаченко, на Телеграм. Тој додаде дека една приватна куќа била целосно уништена, а друга била оштетена.
Во Русија, градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, на Телеграм соопшти дека повеќе од 350 украински беспилотни летала се упатиле кон Московскиот Регион.
Пентагон разгледува повлекување на најмалку 25.000 американски војници од Европа
Пентагон разгледува повлекување на околу 25.000 или повеќе американски војници од Европа, со што американското воено присуство на континентот потенцијално би се намалило за речиси една третина, објави вчера Ен-Би-Ес Њуз.
Предложеното намалување би можело да биде и поголемо, односно да достигне до 40.000 војници, објави Ен-Би-Ес Њуз, повикувајќи се на актуелни и поранешни американски и западни претставници запознаени со разговорите.
Речиси половина од германските гласачи веруваат дека Мерц ќе ја напушти функцијата до крајот на 2026
Речиси половина од германските гласачи очекуваат канцеларот Фридрих Мерц да ја напушти функцијата до крајот на годината, покажа анкета на YouGov, што дополнително ја зголемува важноста на претстојните покраински избори.
Репрезентативна анкета, објавена доцна вчера, покажа дека 48 проценти од испитаниците не очекуваат Мерц да остане канцелар до крајот на годината.
Тоа беше се за денешните блиц вести. За повеќе информации посетете не на macedonian.trtbalkan.com.
