| Macedonian
Дневни блиц вести 21.07.2026
00:00
00:0000:00
Свет
Дневни блиц вести 21.07.2026

Тројца раководители во гостиварски Комунале се приведени поради сомневање дека ја загадиле водата за пиење во градскиот водовод, новиот британски премиер Енди Бурнам го почна мандатот со намалување на даноците на сметките за електрична енергија, а Централната команда на САД соопшти дека завршила уште една рунда напади врз Иран

Слушате дневни Блиц вести, денеска е вторник 21 јули

ОЈО: Тројца вработени во гостиварски Комуналец под истрага за Тешки дела против животната средина

Основното јавно обвинителство Гостивар вчера донесе Наредба за спроведување истражна постапка против тројца раководители во ЈП Комуналец- Гостивар за Тешки дела против животната средина и природата предизвикани со загадување на водата во гостиварскиот водовод

„Осомничените на 25 јуни дале налози на вработени во претпријатието да постават три потопни пумпи во канал со површинска вода со штетни материи во близина на преливната комора со вода за пиење за да го тестираат притисокот на водата„, рекоа од ОЈО.

Поради високата загаденост водата станала неупотреблива и не е безбедна за употреба и консумација од страна на луѓето.

Новиот британски премиер ги намалува даноците на сметките за струја

Владата на новиот британски премиер Енди Бурнам ќе ги намали даноците на сметките за електрична енергија, соопшти Даунинг стрит во вторник, додека се обидува да ги исполни своите ветувања за ублажување на кризата со трошоците за живот. 

Трошоците за овој потег за оваа финансиска година ќе бидат финансирани со откажување на владината програма за дигитална идентификација вреден 1,8 милијарди фунти, соопшти Даунинг стрит.

„Вестминстер предолго не работи за луѓето, а семејствата се борат со трошоците за живот. Тоа мора да се промени“, рече Бурнам.

САД заврши уште една серија напади врз воени цели во Иран

Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) соопшти дека завршила уште една рунда напади врз Иран, насочени кон неговата воена инфраструктура.

Според ЦЕНТКОМ, од почетокот на мај нејзините сили помогнале во олеснувањето на движењето на приближно 900 комерцијални бродови што превезуваат околу 450 милиони барели сурова нафта низ поморскиот коридор.

Иран тврди дека уништиле центар за податоци на Амазон во Бахреин

Иранската Исламска револуционерна гарда соопшти дека нејзините воздухопловни сили ја таргетирале централната инфраструктура на податоци што ѝ припаѓа на американската компанија „Амазон“ во Бахреин со неколку крстосувачки ракети, објави новинската агенција „Тасним“.

Немаше непосреден коментар од Бахреин, САД или Амазон за тврдењето, кое не можеше да се потврди независно.

И за крај на денешниот блиц…

Петмина Палестинци убиени во нови израелски напади врз Газа

Петмина Палестинци се убиени, а неколку други беа повредени во серија израелски напади низ Појасот Газа, и покрај прекинот на огнот.

Во најновиот напад, израелски дрон го погоди засолништето Ал-Јаман Ал-Саид за раселени лица во бегалскиот камп Џабалија во северна Газа, при што загинаа еден Палестинец и неговата ќерка, а неколку други беа ранети, вклучувајќи деца, изјавија медицински извори.

Тоа е сѐ за денешните блиц вести. За повеќе информации следете нѐ на социјалните мрежи

Слушни повеќе
Дневен блиц за 27.07.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите