| Macedonian
Блиц 18.09.2025
00:00
00:0000:00
Политика
Блиц 18.09.2025
Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за четврток 18 септември.

Велика Британија ќе ја признае палестинската држава овој викенд, Полска и НАТО одржуваат воени вежби, протести низ цела Франција. Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за четврток 18 септември.

Велика Британија ќе ја признае палестинската држава овој викенд

Велика Британија официјално ќе ја признае палестинската држава овој викенд откако американскиот претседател Доналд Трамп ќе ја заврши својата државна посета, објави „Ди ај пејпер“, повикувајќи се на владини извори.

Во јули, премиерот Кир Стармер изјави дека Велика Британија ќе ја признае палестинската државност на Генералното собрание на ОН во Њујорк во септември, освен ако Израел не преземе „суштински чекори“ за решавање на хуманитарната ситуација во Газа и не се согласи на прекин на огнот.

Познати личности обединети во видео пред добротворниот концерт за Палестина

Познати ѕвезди се појавија во видео објавено пред концертот за собирање средства за Палестина, кој ќе сe одржи на стадионот Вембли во Лондон.

Познати личности, меѓу кои Били Ајлиш, Килијан Марфи, Хоакин Феникс и Хавиер Бардем, се појавија во видеото „Заедно за Палестина“ објавено пред концертот за собирање средства со голем број ѕвезди.

Тие ги повикаа луѓето да проговорат и да ја кажат вистината во име на Палестинците.

Целта на концертот е да се соберат милиони долари за палестинските организации на првата линија на кризата во Појасот Газа, како што се Тааун, Палестинскиот фонд за деца и Палестинското здружение за медицинска помош.

Полска и НАТО ќе одржат воени вежби со 30.000 војници

Полска и НАТО распоредуваат околу 30.000 војници како дел од најголемите воени вежби во земјата оваа година, објави полскиот радиодифузер.

Според информациите објавени вчера вежбите, со кодно име „Железна порта“, се одржуваат на полигон во Ожиш, само 100 километри од стратешкиот Сувалски Гап, тесен појас земја во близина на руската енклава Калининград.

Вежбите доаѓаат откако завршија заедничките воени вежби на Русија со Белорусија, „Запад-2025“ и по неодамнешниот сомнителен упад на руски беспилотни летала во регионот.

Протести низ цела Франција, 30 уапсени

Штрајкови и протести предводени од синдикатите започнаа низ цела Франција рано наутро, при што досега се уапсени 30 лица.

Организирана од големите француски синдикати, мобилизацијата доаѓа како одговор на контроверзните предлози за буџетот презентирани од поранешниот премиер Франсоа Бајру.

Тој, кој во јули ја претстави буџетската рамка за 2026 година, бараше поддршка за план за заштеда на речиси 44 милијарди евра. Франција има еден од најголемите буџетски дефицити во Европската Унија од 5,8% од БДП.

Австралија објави нови мерки за намалување на приходите од руската нафта

Австралија денеска објави нови мерки за намалување на приходите од руска нафта, вклучително и намалување на горната цена на руската нафта.

Министерката за надворешни работи Пени Вонг изјави дека австралиската влада ќе го намали ограничувањето на цената на нафтата од 60 долари за барел на 47,60 долари.

Австралија, исто така, ќе воведе целни санкции за уште 95 бродови од руската „флота во сенка.

Тоа беше се за денешните блиц вести. За повеќе информации посетете не на macedonian.trtbalkan.com.

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 24.07.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите