| Macedonian
Дневни блиц вести 13.03.2026
00:00
00:0000:00
Политика
Дневни блиц вести 13.03.2026
Слушате Дневни блиц вести, денес сме петок 13 март
пред час

Продолжуваат нападите врз Иран, а ФИФА бара решение по повлекувањето на иранската репрезентација

Слушате Дневни блиц вести, денес сме петок 13 март

Хамнеи во првото обраќање ја потврди блокадата на Ормутскиот теснец

Моџтаба Хамнеи, новизбраниот врховен лидер на Иран, во првото обраќање до јавноста потврди дека ќе продолжи целосната блокада на Ормутскиот теснец против интересите на САД и Израел и посочи дека иранските сили со своите одбранбени операции ја намалиле предноста на непријателот.

Холандија и Исланд се приклучија на тужбата против Израел за геноцид

Холандија и Исланд поднесоа декларации за интервенција во случајот за геноцид во палестинска Газа. Случајот против Израел пред Меѓународниот суд на правдата го покрена Јужна Африка. Досега се изречени три наредби до Израел да преземе мерки за да спречи геноцид во Газа. 

Американско разузнавање: Раководството на Иран не е пред колапс

Американските разузнавачки служби процениле дека раководството на Иран останува во голема мера недопрено и не е во опасност од колапс и покрај речиси две недели континуирано бомбардирање од САД и Израел.

Ердоган му ја врачи наградата за мир на Антонио Гутереш

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган наградата за мир именувана по основачот на турската република Ататурк му ја додели на Антонио Гутереш, генералниот секретар на Обединетите нации. Тој посочи дека Анкара спроведува интензивни дипломатски напори за регионална стабилизација и мир. 

И за крај на денешниот блиц…

ФИФА ќе бара замена за Иран на Светското првенство во фудбал

ФИФА најверојатно ќе мора да одлучи која земја ќе го замени Иран на претстојното Светско првенство во фудбал кое се одржува во САД, Канада и Мексико. Опциите се местото да го задржи репрезентација од Азија, но и Ирак и Обединетите Арапски Емирати кои се следни на листата се во неповолна положба поради нестабилноста во регионот.

Тоа беше сѐ за денешните блиц вести, за повеќе информации следете нѐ на социјалните мрежи

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 12.03.2026
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите
БалканКаст: Пораките кои папата Франциско ги остави во регионот