Иран испукал ракети врз американска морнарица, САД го нападнале Иран по нападот врз американските бродови, ЕУ се подготвува за потенцијални преговори со Путин. Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за петок 8 Мај.
Иран испукал ракети врз американската морнарица по напад врз ирански танкер
Единиците на американската морнарица кои дејствувале во областа на Ормускиот теснец биле под ирански ракетен оган, по нападот на американската војска врз ирански танкер за нафта, соопштија иранските државни медиуми, повикувајќи се на неименуван воен функционер.
Американските воени бродови биле принудени да се повлечат откако претрпеле штета од иранските ракетни напади, објавија рано утрово.
САД потврдија дека го нападнале Иран по нападот врз американските воени бродови
САД нападнале ирански воени цели откако силите на Техеран нападнале три американски разорувачи кои транзитирале низ Ормускиот теснец, тврди американската војска.
Американските сили „ги елиминирале заканите однадвор и ги таргетирале иранските воени објекти одговорни за нападот“, соопшти централната команда на американската војска, ЦЕНТЦОМ.
Трамп: ЕУ има рок до 4 јули за трговски договор со САД
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека вчера имал одличен разговор со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и дека ќе ѝ даде рок на Европската унија до 4 јули да го исполни својот дел од трговскиот договор пред да ги зголеми американските тарифи на 25 проценти, од сегашните 15 проценти. Тој го најави ова бидејќи како што рече ЕУ не ги почитувала условите од договорот постигнат минатиот јули.
Кошта: ЕУ се подготвува за потенцијални преговори со Путин
Лидерите на Европската унија сe подготвуваат за потенцијални разговори со рускиот претседател Владимир Путин, изјави синоќа претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, нагласувајќи дека „постои потенцијал“ ЕУ да преговара со Путин и дека ЕУ има поддршка од украинскиот претседател Володимир Зеленски за тоа.
Првичните резултати на локалните избори во Англија покажуваат водство на „Реформ УК” на Најџел Фараж
Првичните резултати од локалните избори покажаа дека „Реформ УК“ на Најџел Фараж е во водство низ цела Англија, по што следува Лабуристичката партија, според извештајот на „Би-Би-Си њуз“.
Со првите резултати, „Реформ УК“ моментално има 352 места, додека Лабуристичката партија има 245, а Либералните демократи 237.
Тоа беше се за денешните блиц вести. За повеќе информации посетете не на macedonian.trtbalkan.com.
