| Macedonian
Дневни блиц вести 26.08.2025
00:00
00:0000:00
Политика
Дневни блиц вести 26.08.2025
Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денес сме вторник 26 август
26 август 2025

Осуди за израелскиот напад врз болницата Насер во Газа, а Спејс Екс го одложи лансирањето на Старшип.

Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денес сме вторник 26 август.

Ердоган го осуди израелскиот напад врз болницата „Насер“ во Газа

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го осуди израелскиот напад врз болницата „Насер“ во Газа, наведувајќи дека суровата влада на Бенјамин Нетанјаху немилосрдно продолжува со своите брутални напади за уништување на сè што му припаѓа на човештвото.

ССМ: Над 70 отсто од работниците земаат плата под просечната

Сојузот на синдикати на Македонија објави дека во мај над 70 отсто од работниците земале плата под просечната, а само 26,7 отсто над просечната плата. ССМ бара зголемување на минималната плата на 500 евра и зголемување на сите останати плати за 6.000 денари поради зголемувањето на трошоците на живот. 

Трамп: Со нетрпение ја очекувам новата средба со претседателот на Северна Кореја

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „во одреден момент“ повторно ќе седне на средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун по нивните историски средби за време на неговиот прв мандат, пред да го пречека претседателот на Јужна Кореја во Белата куќа.

Сирија ја поздрави одлуката на САД за укинување на санкциите

Сирија ја поздрави одлуката на Министерството за финансии на САД да ја отстрани земјата од списоците со санкции што ѝ се наметнати во Кодексот на федерални закони, соопшти Министерството за надворешни работи.

И за крај на денешниот блиц...

Спејс Екс го одложи и десетиот обид за лансирање на тешката ракета Старшип

Компанијата „Спејс Екс“ на милијардерот Илон Маск го одложи 10-тиот обид за лансирање на својата ракета „Старшип“, наведувајќи ги како причина неповолните временски услови. Старшиш е клучна програма за враќање на луѓето на Месечина.

Тоа беше се за денешните блиц вести. Дознајте повеќе на дигиталните канали на ТРТ Балкан.

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 16.03.2026
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите
БалканКаст: Пораките кои папата Франциско ги остави во регионот