| Macedonian
Дневни блиц вести 22.10.2025
00:00
00:0000:00
Политика
Дневни блиц вести 22.10.2025
Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денес е среда, 22 октомври
22 октомври 2025

Вонреден инспекциски надзор во Комунална хигиена Скопје, а Трамп го откажа мировниот самит со Путин во Будимпешта

Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денес е среда, 22 октомври

Вонреден инспекциски надзор во ЈП Комунална Хигиена 

Македонската влада ги задолжи надлежните инспекторати заедно со Министерството за внатрешни работи да направат вонреден инспекциски надзор во врска со несобирањето на комуналниот отпад во Скопје за да се преземат соодветни активности.

САД: Да се затвори мисијата УМНИК на Косово

САД жестоко ја критикуваат работата на мировната мисија УМНИК на Косово во рамки на Обединетите нации, бидејќи се трошат непотребно многу пари за административци. Исто така потребата од оваа мисија е надмината и Косово повеќе не се соочува со безбедносни ризици. 

ЕУ: Ќе формираме специјален трибинал за Украина

Сите земји членки на ЕУ освен една, го поддржа формирањето на специјален трибунал за воената агреса на Русија врз Украина, посочи Каја Калас високата претставничка за надворешната политика и безбедност. Москва порача дека не ја признава легитимноста на таквиот суд.

Полска улови 55 агенти кои шпионирале за Русија

Полските власти соопштија дека 55 лица се приведени во последните месеци под сомнение за активности за руската разузнавачка служба, како што се шпионажа и саботажи, што е големо зголемување на бројот на откриени кооптирани лица.

И за крај на денешниот блиц...

Трамп: Не сакам залудна средба со Путин

Трамп го одложи планираниот мировен самит со рускиот претседател Путин во Будимпешта откако руските сили не прифатија итно примирје на фронтот во Украина. Трамп рече дека не сака средбата да биде залудна и да губи време. Руските власти посочија дека ваквите насоки не се договорени на самитот на Алјаска.

Тоа е сѐ за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 09.04.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите