Сирија отфрла директни разговори за нормализирање на односите со Израел, a САД ќе направат се за Сирија да биде успешна, Русија ги обвини Украина и Велика Британија за обид за кражба на авион МИГ-31. Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за вторник 11 ноември.
Трамп по средбата со Ал Шара: САД ќе направат сè што можат за Сирија да биде успешна
САД ќе ги преземат сите можни чекори за да ѝ помогнат на Сирија на нејзиниот пат по децении владеење на семејството Асад, изјави вчера претседателот Доналд Трамп по средбата со сирискиот претседател Ахмед ал Шара.
Обраќајќи се пред новинарите по речиси двочасовната средба во Белата куќа со сирискиот претседател Ал Шара, Трамп рече дека неговата администрација ќе „направи сè што може за Сирија да биде успешна“, пофалувајќи го Шара како „многу силен лидер“.
Фидан се придружил на состанокот меѓу Трамп и Шара во Белата куќа
Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан изјави дека се придружил на состанокот вчера меѓу сирискиот претседател Ахмед ал-Шара и американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот тим по покана.
„Имавме можност да разговараме за општите ставови на Туркије за Сирија, можностите за соработка со САД и бројни прашања поврзани со развојот, единството, солидарноста, мирот и регионалната безбедност на Сирија“, рече Фидан.
Сирија исклучува можност за договор за нормализација на односите со Израел
Сирискиот претседател Ахмад ал-Шара отфрли какви било директни разговори за нормализирање на односите со Израел.
Шара експлицитно посочи на континуираната окупација на сириската Голанска Висорамнина од страна на Израел, која значително ја прошири во 2024 година по падот на режимот на Башар ал-Асад, велејќи дека условите со кои се соочува Дамаск се различни од оние во другите земји што ги потпишаа договорите.
Русија тврди дека спречила заговор на Украина и Велика Британија за кражба на авион МиГ-31
Русија тврди дека спречила наводен заговор на Украина и Велика Британија за кражба на авион-пресретнувач „Микојан МиГ-31“ кој носел балистички ракети лансирани од воздух.
Во соопштението на Федералната служба за безбедност (ФСБ) се вели дека украинското воено разузнавање, со поддршка од Велика Британија, се обидело да го украде авионот „МиГ-31“ кој носел ракети „Кинжал“, обидувајќи се да регрутира руски пилоти со ветување од 3 милиони долари.
Ниту украинските ниту британските претставници не коментираа веднаш за тврдењето на Русија.
Започна гласањето на парлментарните избори во Ирак
Денеска во Ирак започна гласањето на парламентарните избори што ќе ја обликуваат политичката сцена во земјата во следните четири години.
Околу 21 милион гласачи имаат право да гласаат за да изберат членови на парламентот со 329 места, кој ќе го избере претседателот и ќе ѝ даде доверба на владата.
Тоа беше се за денешните блиц вести. За повеќе информации посетете не на macedonian.trtbalkan.com.
