| Macedonian
Блиц вести 10.09.2025
00:00
00:0000:00
Политика
Блиц вести 10.09.2025
Слушате блиц вести на македонски за среда 10 септември.

Осум убиени Палестинци во новите израелски напади на Газа, Туркије и ЕУ го осудија израелскиот напад на Доха, Трамп планира телефонски разгвор со Путин, Вучиќ гледа поголема опасност во Косово и воените сојузи во регионот отколку во опозицијата. Слушате блиц вести на македонски за среда 10 септември.

Осум убиени Палестинци во новите израелски напади на Газа

Израелската армија уби осум Палестинци и повреди многу други во Појасот Газа рано утрово, објавија локалните медиуми.

Според државната новинска агенција Вафа, пет лица се убиени во израелски напади со беспилотни летала врз шатор во кој се сместени раселени Палестинци на улицата Ал-Наср во северозападниот дел на градот Газа.

Израел уби повеќе од 64.600 Палестинци во брутална офанзива во Газа од октомври 2023 година. Воената кампања ја опустоши енклавата и го турна населението на територијата во глад.

Туркије, ЕУ, Франција, Германија, Велика Британија и Шпанија го осудија израелскиот напад на Доха

Синоќа, Европската Унија објави дека израелскиот воздушен напад врз лидерите на Хамас во Доха е кршење на меѓународното право и територијалниот интегритет на Катар и предупреди на ризикот од понатамошна ескалација на насилството во регионот.

„Изразуваме целосна солидарност со властите и народот на Катар, стратешки партнер на ЕУ“, напиша портпаролката на шефицата за европска надворешна политика, Каја Калас, на платформата X.

Нападот на Израел врз Катар го осудија и Туркије, Германија, Велика Британија, Франција и Шпанија.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху има за цел да го продлабочи конфликтот и нестабилноста во регионот.

Трамп планира телефонски разгвоор со Путин оваа или почетокот на следната недела

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека планира да има телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин или оваа недела или почетокот на следната недела.

Како што објави Би – Би – Си зборувајќи со новинарите по бомбардирањето за време на викендот кога беше погодена главната зграда на Владата на Украина, Трамп рече дека „не е задоволен од целата ситуација“ и се закани со построги санкции врз Кремљ.

Претседателите на Русија и САД се состанаа на 15 август во воена база во Алјаска, и како што објавија по разговорот, решавањето на украинскиот конфликт беше главна тема на самитот.

Вучиќ: Косово и воените сојузи во регионот се поголем проблем за Србија од опозицијата

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера изјави дека Србија има многу поголеми проблеми од претставниците на опозицијата кои побараа санкции во Стразбур Тоа според Вучиќ се Косово и создавањето воени сојузи во регионот, за кои како што рече не добива никаков одговор од ЕУ и НАТО.

„По Тирана, Приштина и Загреб, беше создаден сојузот Загреб-Љубљана, кој не беше создаден поради воено неутралната Австрија, туку поради Србија“, изјави Вучиќ во телевизиско интервју.

Тој додаде дека отворено се очекува и влезот на Бугарија во овие сојузи.

Ким Јонг Ун: Никој не може да го загрози статусот и безбедноста на Северна Кореја

Севернокорејскиот лидер Ким Jонг Ун изјави дека никој не може да го загрози статусот и безбедноста на неговата земја, објавија денеска државните медиуми.

„Нашата борба за изградба на моќна држава сега се гледа со гордост бидејќи нашата земја постигна исклучителен статус“, рече тој во говорот на церемонијата по повод денот на основањето на земјата вчера во Пјонгјанг.

Тој го истакна „достоинството и силата“ на Северна Кореја и вети дека нема да дозволи „судбината на земјата да биде оставена на плановите на странските сили“.

Тоа беше се за денешните блиц вести. За повеќе информации следете на на macedonian.trtbalkan.com.

Слушни повеќе
Дневен блиц 10.07.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите