| Macedonian
Блиц вести 06.10.2025
00:00
00:0000:00
Политика
Блиц вести 06.10.2025
Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за понеделник 6 октомври.

Делегација на Хамас пристигна во Египет на преговори за прекин на огнот во Газа, францускиот премиер Лекорну поднесе оставка, Вучиќ најавува избори во Србија во Декември 2026. Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за понеделник 6 октомври.

Делегација на Хамас пристигна во Египет на преговори за прекин на огнот во Газа

Хамас објави дека делегација од нејзиното раководство предводена од Калил ал-Хаја, шеф на палестинската група за Газа во егзил, пристигнала во Египет за да започне преговори за прекин на огнот во опколената енклава.

Не се наведени ниту времетраењето на посетата ниту детали за агендата, но новата рунда преговори доаѓа во време на интензивирање на регионалните и меѓународните напори за ставање крај на речиси двегодишната израелска војна во Газа.

Претходно Израел соопшти дека преговарачки тим ќе замине за Египет на индиректни преговори за размена на затвореници со Хамас според планот за Газа на американскиот претседател Доналд Трамп.

Трамп ги поздрави позитивните разговори со Хамас во пресрет на преговорите во Египет

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека разговорите со Хамас за неговиот предлог за прекин на огнот во Газа напредуваат брзо пред клучниот состанок во Египет.

Овие разговори беа многу успешни и се одвиваат брзо. Техничките тимови ќе се состанат повторно во понеделник во Египет за да ги разработат и разјаснат последните детали. Ми беше кажано дека првата фаза треба да биде завршена оваа недела и ги молам сите да дејствуваат брзо“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social.

Американскиот претседател вчера рече дека ќе продолжи да ја следи ситуацијата, нагласувајќи дека времето е од суштинско значење или ќе има масовно крвопролевање.

Францускиот премиер Лекорну поднесе оставка

Францускиот премиер Себастијан Лекорну денеска до претседателот Емануел Макрон поднесе оставка поради растечките критики за составот на кабинетот објавен неодамна.

Макрон ја прифати оставката на Лекорну.

Оставката на Лекорну дојде веднаш откако тој ја претстави новата влада со претежно исти имиња како онаа што се распадна на 8 септември.

Лекорну беше назначен за премиер откако Франсоа Бајру загуби на гласањето за доверба во Националното собрание на 8 септември.

Русија и Украина разменија обвинувања за големи воздушни напади

Русија и Украина разменија обвинувања за големи воздушни напади во текот на ноќта, при што Москва изјави дека нејзината воздушна одбрана уништила повеќе од 250 украински беспилотни летала, а Киев пријави стотици руски напади врз неколку региони.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека единиците за воздушна одбрана пресретнале и уништиле 251 украински беспилотни летала во текот на ноќта, вклучувајќи 62 над Црното Море и пет над Азовското Море.

Во меѓувреме, украинските власти соопштија дека Русија започнала 762 напади врз 17 населени места во регионот Запорожје во последните 24 часа, при што загинало едно лице, а 11 биле ранети.

Вучиќ: Претседателски и парламентарни избори во Србија веројатно во Декември 2026

Претседателските и парламентарните избори во Србија веројатно ќе се одржат во декември 2026 година, можеби и порано, изјави вчера претседателот на земјата Александар Вучиќ.

Вучиќ изјави за ТВ Пинк дека му останува точно една и пол година од претседателскиот мандат, но дека верува дека неговиот мандат ќе биде пократок.

„Не сакам да го менувам Уставот, ниту повторно да се кандидирам за претседател“, рече Вучиќ.

Тоа беше се за денешните блиц вести. За повеќе информации посетете не на macedonian.trtbalkan.com.

Слушни повеќе
Дневен блиц за 22.04.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите