| Macedonian
Дневни блиц вести 02.10.2025
00:00
00:0000:00
Политика
Дневни блиц вести 02.10.2025
Слушате блиц вести на ТРТ Балкан, денес сме четврток 2 октомври
2 октомври 2025

Израел ги нападна дел од бродовите на хуманитарната флотила за Газа, а САД и Русија ја зајакнуваат воената реторика

Слушате блиц вести на ТРТ Балкан, денес сме четврток 2 октомври

Продолжува нападот на Израел врз Глобалната флотила Сумуд

Израелските поморски сили што ја опкружуваат хуманитарната флотила за Газа  „Сумуд“ продолжуваат да ги напаѓаат бродовите. Дел од активистите кои сакаа да ја пробијат израелската блокада и да достават хуманитарна помош за Палестинците се приведени. 

Туркије: Израелскиот напад врз флотилата за Газа е терористички чин

Официјални турски претставници упатија силна осуда за упадот на израелските сили на дел од бродовите на флотилата Сумуд нарекувајќи ги овие акции во меѓународните води терористички чин. Исто така најавија дека ќе бидат преземени и правни мерки за повикување на одговорност.

Бројот на починати од земјотресот во Филипини се искачи на 72

Бројот на загинати од земјотресот во Филипини се зголеми на 72 лица. По земјотресот со јачина од 6.9 степени следеа последователни потреси. Речиси 300 луѓе се повредени, а голем број се сместени во привремени објекти поради опасност од дополнителни разрушувања. 

Групни тужби против Фејсбук, Епл и Гугл за промоција на коцкање

Технолошките гиганти како Фејсбук, Епл и Гугл ќе се соочат со групни тужби од оштетени корисници кои тврдат дека на овие платформи се врши нелегална промоција на коцкање кое создава зависност и финансиски загуби исто како реалните казина. Тие бараат финансиска оштета, а можни се и други ограничувања. 

И за крај на денешниот блиц...

Русија одговори на коментарите на САД за „мир преку подготовка за војна“

Русија преку владиниот портпарол Дмитриј Песков одговори на коментарите на американскиот секретар за одбрана Пит Сегет, дека „ако сакате мир, треба да се подготвите за војна“. Песков рече дека Русија ја зајакнува својата војска, но бара и дипломатско решение на војната во Украина. 

Тоа беше се за денешните блиц вести. Следете ги социјалните мрежи на ТРТ Балкан за повеќе информации.

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 17.04.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите