| Macedonian
Блиц вести за 14.11.2025
00:00
00:0000:00
Политика
Блиц вести за 14.11.2025
Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за петок 14 ноември.
14 ноември 2025

Британска активистка шест и пол месеци одеше пеш од Велика Британија до Истанбул собирајќи помош за Палестинците, Полска останува надвор од системот за мигранти на ЕУ, Би-Би-Си му се извини на Трамп. Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за петок 14 ноември.

Пеш од Велика Британија до Истанбул, британска активистка собира донации за Палестинците

Британската активистка Рут Херберт се приближува кон крајот на нејзиното 6,5-месечно пешачење од Велика Британија до Истанбул за собирање донации за Палестинците.

52-годишната Херберт го напушти својот дом во Арнсајд на 2 мај и ги премина Велика Британија, Франција, Швајцарија, Италија, Словенија, Црна Гора, Албанија, Северна Македонија и Грција пред да стигне до Туркије.

Утре ќе го заврши своето 6,5-месечно патување во Истанбул.

Полска ќе остане надвор од системот за релокација на мигранти на ЕУ додека прима Украинци

Полска ќе остане ослободена од задолжителниот систем за релокација на мигранти на ЕУ сè додека продолжува да прима голем број украински бегалци, изјави министерот за надворешни работи Радослав Сикорски денеска.

Во разговор за „Полсат њуз”, Сикорски рече дека ослободувањето не е трајно, туку ќе трае неколку години.

Американскиот секретар за одбрана на влезот на Пентагон постави табла „Министерство за војна“

Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет денеска на главниот влез на Пентагон

постави нова бронзена табла со натпис „Министерство за војна“

Претседателот Доналд Трамп во септември потпиша извршна наредба со која изрази намера Министерството за одбрана да биде преименувано во Министерство за војна и најави дека ќе побара од Конгресот да го формализира овој чекор.

Најмалку четворица загинати во рускиот напад врз Киев

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека бројот на жртви во големиот руски напад врз Киев се искачи на четири, а десетици лица се повредени, меѓу кои деца и една бремена жена.

Нападот бил извршен во текот на ноќт а, а според Зеленски, Русите користеле околу 430 беспилотни летала и 18 ракети, вклучувајќи балистички и аеробалистички, објави Укринформ.

Би-Би-Си му се извини на Трамп за монтирање на говорот, но ја отфрла тужбата за клевета

Би-Би-Си вчера му се извини на американскиот претседател Доналд Трамп за монтирање на неговиот говор за да изгледа како да се залага за насилство, обидувајќи се да ја отстрани заканата од судска постапка, но тврдат дека нема основа за тужба за клевета.

Говорот на Трамп во 2021 година бил монтиран на денот кога неговите поддржувачи го преплавија Капитол.

Двајца директори на Би Би Си поднесоа оставка, а Трамп се закани со тужба од милијарда долари.

Тоа беше се за денешните блиц вести. За повеќе информации посететe не на macedonian.trtbalkan.com.

 

 

Слушни повеќе
Блиц вести 05.12.2025
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите
БалканКаст: Пораките кои папата Франциско ги остави во регионот
БалканКаст: Ѕвезда хуманитарно во Скопје, публиката желна за регионален фудбал
БалканКаст: Како да се зауздаат дивите возачи и нивните родители?