| Macedonian
Дневни блиц вести 14.04.2025
00:00
00:0000:00
Политика
Дневни блиц вести 14.04.2025
Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска сме понеделник 14 април
14 април 2025

Дваесетина нови осомничени за трагедијата во Кочани, а Фидан побара САД подобро да бидат информирани за војната во Газа.

МВР и Обвинителството ја проширија истрагата за пожарот во Кочани

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски на заедничка прес-конференција со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека за трагедијата во Кочани се опфатени уште дваесетина нови осомничени, меѓу кои поранешни и актуелни министри и директори на државни институции.

Србија го повика Судан да ја преиспита одлуката за признавање на Косово

Министерството за надворешни работи на Србија изрази „загриженост во врска со начелната одлука на министерот за надворешни работи на Судан за признавање на Косово“. Министерството ја преиспитува и легитимноста на процесот на носење на одлуки во Судан со актуелната состојба.

Шмит на ДФА: Сите треба да ги почитуваат институциите на БиХ

Високиот претставник во Босна и Херцеговина Кристијан Шмит учествуваше на Дипломатскиот форум во Анталија, од каде преку видео порака истакна дека сите треба да ги почитуваат институциите на Босна и Херцеговина.

Бугарија го презеде првиот Ф-16 борбен авион од САД

Бугарија официјално го презеде својот прв Ф-16 Блок 70 млазен борбен авион. Овие повеќенаменски борбени авиони од четвртата генерација се дел од поширокиот одбранбен договор меѓу САД и Бугарија, кој предвидува испорака на вкупно 16 авиони Ф-16 Блок 70, според два договори потпишани во 2019 и 2022 година.

И за крај на денешниот блиц

Фидан: САД треба да бидат подобро информирани за нападите на Израел врз Газа

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан повика САД да бидат подобро информирани за нападите на Израел врз Газа и ризиците од тековната војна. Тој истакна дека додека некои отворено ги изразуваат своите приговори, други ги искажуваат зад затворени врати, а исто така нагласи дека на гласањето во ОН, 156 земји гласале против Израел.

Тоа беше се за денешните блиц вести, за повеќе посетете не на macedonian.trtbalkan.com.


Слушни повеќе
Блиц вести за 04.03.2026
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите
БалканКаст: Пораките кои папата Франциско ги остави во регионот