| Macedonian
Дневни блиц вести 24.03.2025
00:00
00:0000:00
Политика
Дневни блиц вести 24.03.2025
Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е понеделник, 24 март
24 март 2025
  • Повредените од пожарот во Кочани се стабилни во бугарските болници

Сите 15 македонски пациенти кои по пожарот во импровизираната дискотека во Кочани се лекуваат во бугарските болници се во стабилна состојба. Според бугарскиот министер за здравство Силви Кирилов нивното лекување продолжува, а најголем проблем за повредените, како што посочи, е вдишувањето гасови за време на пожарот.

  • Во руски напад со дрон врз Киев загинаа тројца, 10 се повредени

Најмалку тројца загинаа, а над 10 се повредени во напад на руски дрон врз украинскиот главен град Киев. Меѓу загинатите се татко и неговата петгодишна ќерка, соопшти градската воена управа на Киев.

  • Екрем Имамоглу градоначалникот на Истанбул е уапсен под обвинениja за корупција

Екрем Имамоглу градоначалникот на Истанбул е уапсен заедно со десетици други, како дел од истрагата за корупција. „Тој е уапсен под обвинение за основање и водење на криминална организација, примање мито, изнуда, незаконско регистрирање на лични податоци и мешање во тендер, во рамките на финансиска истрага“, соопшти Главното јавно обвинителство на Истанбул.

  • Делегации на Русија и САД со нова рунда преговори во Ријад

Делегациите на Русија и САД започнаа нова рунда билатерални разговори во Саудиска Арабија. Разговорите започнале во Ријад во затворен формат, а саудиските власти побарале од медиумите да не присуствуваат на средбата.

И за крај на денешниот блиц...

  • Двајца Палестинци загинаа во израелски напад на болница во Газа

Најмалку двајца Палестинци загинаа, а неколку се повредени кога израелската Армија гранатираше болница во јужниот дел на Газа, соопшти Министерството за здравство на Газа. Цел на нападот било хируршкото одделение на болницата.

Тоа е се за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 15.04.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите