Истрага против српските студенти за наводна блокада на аеродромот, а Трамп повторно сака САД да ја презеде контролата над Газа.
Српските безбедносни органи очекуваат студентите да го блокираат аеродромот
Вишото јавно обвинителство во Белград им нареди на МВР и БИА да ги соберат потребните информации во врска со видео и аудио снимките направени на собир во просториите на Медицинскиот факултет. Наводно студентите тие заговарале блокада на аеродромот Никола Тесла за што е поведена истрага.
Одложено судењето за турската студентка Озтурк уапсена во САД
Американскиот федерален суд во Вермонт побара дополнителни докази за случајот на турската студентка Румејса Озтурк, која во март беше уапсена од агенти на американското Министерство за домашна безбедност. Судијата ја одложи и одлуката за нејзиното можно ослободување со кауција. Нејзината виза беше укината поради пропалестински ставови.
Иран со посредништво на Оман ќе ги почне нуклеарните преговори со САД
Иранската и американската делегација ќе се сретнат во Оман на индиректни разговори на високо ниво, најави иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи. Соопштението дојде откако американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека САД се вклучени во „директни“ разговори со Иран на „многу високо ниво“ за нуклеарната програма на Техеран, додавајќи дека преговорите се „во најдобар интерес на Иран“.
Кина ќе се бори до крај во тарифната војна со САД
Кина решително ќе преземе контрамерки за заштита на своите права и интереси доколку САД ги засилат царинските мерки, соопшти кинеското Министерство за трговија. Кина веќе се соочува со царина од 54 отсто за извозот во САД, а Трамп најави дополнителни 50 отсто царини откако Пекинг одговори на трговската војна.
И за крај на денешниот блиц...
Трамп: Контролата и поседувањето на Газа од САД би било добро
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно изјави дека сака САД да ја контролираат Газа. Тој замислува присуство на американски мировни сили, а во меѓувреме населението на Газа или над 2 милиони луѓе да бидат раселени низ различни држави во светот. На овој план се спртиставија земјите од регионот.
Тоа е се за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com
