| Macedonian
Блиц вести 07.10.2025
00:00
00:0000:00
Политика
Блиц вести 07.10.2025
Слушате блиц вести на македонски јазик за вторник 7 октомври.

Агенцијата на ОН за палестински бегалци бара итен прекин на огнот во Газа, Гутереш во планот на Трамп гледа можност за крај на конфликтот, За овој план разговараа и Путин и Нетанјаху. Слушате блиц вести на македонски јазик за вторник 7 октомври.

Агенцијата на ОН за палестински бегалци повика на итен прекин на огнот во Газа

Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА) денеска повика на итен прекин на огнот во Појасот Газа по две години разорна војна.

„Две години војна во Газа. Две години е предолг период“, објави агенцијата на X.

Во неа се нагласува потребата од ослободување на сите израелски заложници и палестински притвореници и укинување на израелската опсада за да се обезбеди „стандарден проток на хуманитарна помош и комерцијални залихи“ во рамките на механизам на ОН.

Гутереш: Предлогот на Трамп, можност што треба да се искористи за крај на конфликтот во Газа

 Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш изјави дека неодамнешниот предлог на Трамп за прекин на огнот во Газа „претставува можност што треба да се искористи за да се стави крај на овој трагичен конфликт.

Зборувајќи по повод втората годишнина од израелската војна во Појасот Газа, Гутереш вчера го повтори повикот за „безусловно и итно ослободување на заложниците“.

Путин и Нетанјаху разговараа за предлогот на Тармп за прекин на огнот

Рускиот претседател Владимир Путин и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху разговараа за тековните случувања на Блискиот Исток, вклучително и ситуацијата во Газа во контекст на неодамнешниот предлог за прекин на огнот на американскиот претседател Доналд Трамп.

Во соопштението од Кремљ се вели дека Путин и Нетанјаху разговарале за прашањата по телефон.

„Путин ја потврди непоколебливата позиција на Русија во корист на сеопфатно решавање на палестинското прашање врз основа на добро позната меѓународна правна рамка“, се вели во соопштението, во кое се наведува дека двајцата размениле мислења и за други регионални прашања.

Мнозинството граѓани на ЕУ поддржуваат поголеми трошоци за одбрана

Мнозинството граѓани на Европската Унија поддржуваат поголеми средства за национална одбрана, според резултатите од анкетата спроведена за Еурактив од агенцијата „Polling Europe“, но поддршката е намалена во споредба со претходната анкета.

Анкетата покажа дека 67 проценти од испитаниците сега поддржуваат зголемување на трошоците за одбрана, што е намалување за седум процентни поени во однос на април 2024 година, кога поддршката беше 74 проценти.

Црвен метео аларм поради обилни врнежи во Бугарија и Романија, се очекуваат и 140 литри по метар квадратен

Метеоролозите во Бугарија и Романија прогласија црвен аларм поради обилните врнежи од дожд. Во Романија за Букурешт се предвидени врнежи до 140 литри на метар квадратен.

Според најновото предупредување на Романската национална метеоролошка управа се очекуваат обилни дождови во неколку области.

Обилните дождови продолжија да ја погодуваат и Бугарија, а 51 населено место остана без електрична енергија поради невремето.

Надлежните органи вршат зголемен надзор над сите мостови и инфраструктура што е потенцијално оштетена поради поплавите.

Тоа беше се за денешните блиц вести. За повеќе информации посетете не на macedonian.trtbalkan.com.

 

 

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 30.04.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите