| Macedonian
Дневен блиц за 27.05.2025
00:00
00:0000:00
Политика
Дневен блиц за 27.05.2025
Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски јазик. Денеска е вторник 27 мај.

27 лица се повредени на победничка парада во Ливерпул, пет лица се повредени при престрелка во близина на мигрантски камп кај Сараево, НАТО усвои Декларација за стабилноста на Западен Балкан. Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски јазик. Денеска е вторник 27 мај.

Автомобил удри во толпа луѓе во Ливерпул, 27 повредени

Вкупно 27 лица се повредени, а две се во критична состојба, откако 53-годишен маж со автомобил вчера удри во толпа луѓе што присуствуваа на победничката парада на фудбалскиот клуб Ливерпул.

Дополнително, 20 пациенти биле згрижени на местото на настанот, а вкупно се повредени четири деца.

Иако на парадата беа преземени бројни безбедносни мерки, сè уште не е утврдено како автомобилот успеал да се пробие на улицата каде што оделе колоните навивачи на Ливерпул.

Декларација на НАТО за стабилноста на Западен Балкан

На пролетната сесија на Парламентарното собрание на НАТО посветена на 30-годишнината од мировниот договор во Босна и Херцеговина, во Дејтон (Охајо), беше усвоена декларација во којa се нагласува важноста на стабилноста и мирот во Западен Балкан и се изразува сериозна загриженост за најновите закони и иницијативи во босанско-херцеговскиот ентитет Република Српска.

Тоа според декларацијата го поткопува и загрозува уставниот поредок, суверенитетот и територијалниот и функционалниот интегритет на Босна и Херцеговина, како и Дејтонскиот мировен договор потпишан пред 30 години.

Петмина повредени во престрелка во близина на мигрантски камп кај Сараево

Пет лица се тешко повредени во претсрелка меѓу две криминални банди која се случила синоќа во близина на мигрантски камп кај Сараево.

Како што јавуваат босанските медиуми шест лица се примени во болница од кои две се во животозагрозувачка состојба.

Меѓу повредените се пет државјани на Авганистан и еден на Пакистан.

Захарова: Русија подготвува меморандум за можно примирје со Украина

Русија продолжува да подготвува меморандум за Украина, во кој ќе се дефинираат принципите и можните временски рамки за решавање на конфликтот, објави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Нацрт-меморандумот ќе ги дефинира и условите за евентуално примирје, рече Захарова, додавајќи дека документот ќе му биде предаден на Киев штом ќе биде готов.

Русија очекува украинската страна да ги испрати своите елаборации.

Нетанјаху: Ерусалим секогаш ќе остане под израелска контрола

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја одбележа годишнината од окупацијата на Источен Ерусалим од страна на Израел во 1967 година и изјави дека градот, во целост, „секогаш ќе остане“ под израелска контрола.

Во видео објавено вчера на неговиот профил X од тунел под Стариот град во Источен Ерусалим во близина на џамијата

Нетанјаху изјави: „Ерусалим отсекогаш беше во нашите срца, а ние се вративме и го ослободивме.

Нетанјаху навести потенцијален пробив во врска со 58-те заложници што сè уште се држат во Газа.

Тоа е се за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com

Слушни повеќе
Дневен блиц за 27.07.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите