| Macedonian
Израелскиот премиер Нетанјаху најави враќање на преговарачкиот тим од Катар за внатрешни консултации. Според глобалниот мониторинг, гладта во Судан, земја разурната од војни и натаму се шири
00:00
00:0000:00
Свет
Израелскиот премиер Нетанјаху најави враќање на преговарачкиот тим од Катар за внатрешни консултации. Според глобалниот мониторинг, гладта во Судан, земја разурната од војни и натаму се шири
Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е среда, 25 декември

Нетанјаху најави враќање на преговарачкиот тим за размена на заробеници од Катар

 Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека главните преговарачи се вратиле од Катар на внатрешни консултации за потенцијална размена на затвореници со Хамас.
Тоа следува по една недела интензивни разговори во кои учествуваат Мосад и воени претставници.
Набљудувачите сметаат дека и покрај ова целта на Нетанјаху е одложување на преговорите.
Се верува дека Израел држи повеќе од 10.300 палестински затвореници, додека приближно 100 израелски заробеници се во Газа.

Меѓународен мониторинг: Се шири гладта во Судан

Меѓународниот комитетот за преглед на гладот ​​поддржан од ОН предупредува дека гладот ​​продолжува да се шири во пет нови региони во Судан.

Над 24,6 милиони Суданци сега се соочуваат со глад, бидејќи завојуваните фракции ја прекинуваат хуманитарната помош.

Извештајот беше објавен и покрај попречувањето од суданската влада. Во понеделникот, владата објави дека го суспендира своето учество во глобалниот систем за следење на глад, со став дека се издаваат неверодостојни извештаи кои го поткопуваат суверенитетот и достоинството на Судан.

Протести против Трамп во Панама по најавите за повторна контрола врз панамскиот канал

„Демонстрантите пред американската амбасада во Панама ја запалија сликата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп по неговиот повик да ја врати контролата врз Панамскиот канал. Тие извикуваа „јавен непријател на Панама“.

Лидерите го потврдија суверенитетот на каналот, отфрлајќи ги забелешките на Трамп за неправедните такси и кинеското влијание.

„Каналот е панамски, не може да се преговара“, изјавија официјалните претставници во државата.

Се смируваат тензиите во Мозамбик

„Се смирува ситуацијата во Мозамбик по насилните откако највисокиот суд го потврди Даниел Чапо за претседател.

Најмалку 21 лице, меѓу кои двајца полицајци, загинаа, а за 24 часа се регистрирани 236 насилни дејствија.

Демонстрантите запалија возила, ги нападнаа полициските единици и ги ослободија затворениците.

 И за крај на денешниот блиц

Соларната сонда на НАСА леташе најблиску до сонцето

„Соларната сонда Паркер на НАСА испиша историја летајќи поблиску до Сонцето од кое било вселенско летало досега.

Сондата успешно навигираше на жешки температури кои надминуваат 930 степени Целзиусови на 3,8 милиони милји од површината на Сонцето, собирајќи вредни научни податоци.

Тоа е првото од трите прелетувања со рекорди, со цел мисијата да ги открие клучните соларни мистерии.

 

Тоа е се за денешните блиц вести. За повеќе посетете на macedonian.trtbalkan.com

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 14.05.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите