Најмалку десет Палестинци, меѓу кои и жени и деца, загинаа во израелски напад врз шатор во кој се сместени раселените семејства во областа Ал-Маваси во јужна Газа, откриваат медицински извори. Уште 15 лица се ранети во нападот на локацијата, означена како хуманитарна зона во Кан Јунис.
Населението на Газа е намалено за 6 отсто во текот на војната, со над 55 илјади жртви и над 100 илјади раселени, информира палестинското статистичко биро. 22 отсто од жителите се соочени со критичен недостиг на храна, а над 3.000 деца се во ризик од прегладнување. Израел се соочува со обвиненија за геноцид, а Меѓународниот суд на правдата бара чекори за спречување понатамошни злосторства.
На 15 се искачи бројот на загинати с во Њу Орлеанс, а 35 луѓе се повредени, при новогодишниот напад со камионет. Федералното биро го истражува нападот како терористички чин, и смета дека возачот, идентификуван како Шамсуд дин Џабар најверојатно не делувал сам. Властите истражуваат потенцијални соучесници и нашле докази кои укажуваат дека пред нападот биле подметнати експлозивни направи.
Француските сили по децении ќе ја напуштат Брегот на слоновата коска, откри претседателот Аласане Квантара. Баталјанот во пристаништето Буе ќе премине во контрола на локалните власти, и ова е уште еден чекор во стекнување поголема автономија на регионот на Западна Африка. Франција е потисната од над две третини од африканските земји каде некогаш имала воено присуство и нејзиното влијание драстично се менува.
И за крај на денешниот блиц...
Како чекор кон транспарентност, Пакистан и Индија разменија списоци со нуклеарни постројки и затвореници. Исламабад сподели детали за над двеста индиски затвореници, додека Њу Делхи наведе над четиристотини пакистански затвореници. Двете нации ги повторија повиците за брза репатријација на оние кои ги отслужиле казните. Овие информации се споделуваат по пактот од 1988 година.
Тоа е се за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com
