| Macedonian
Дневни блиц вести 12.03.2025
00:00
00:0000:00
Политика
Дневни блиц вести 12.03.2025
Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е среда, 12 март
12 март 2025

Специјалниот пратеник на претседателот Трамп за Блискиот Исток Стив Витков ги почна преговорите за Газа во Катар каде се разговара со Израел и Хамас за продолжување на договорот за прекин на огнот. 

Украина на преговорите со САД Саудиска Арабија, прифатила примирје со Русија од 30 дена. Во заедничката изјава беше посочена подготвеноста за прифаќање на предлогот од САД за итно примирје од 30 дена кое потоа страните може да го продолжат. САД чека договорот да го прифати и Русија.

Обвинителството на Босна и Херцеговина издаде наредба за апсење на претседателот на Република Српска, Милорад Додик, премиерот на ентитетот Радован Вишковиќ и претседателот на Народното собрание на Република Српска, Ненад Стевандиќ. Обвинителството ги товари за сторено кривично дело „напад врз уставниот поредок“.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска повика на целосна имплементација на договорот со цел да се обезбеди единство на Сирија, додавајќи дека победници ќе бидат Сиријците. Туркије ги смета сите напори насочени кон расчистување на Сирија од тероризмот како чекор преземен во вистинска насока, рече Ердоган.

И за крај на денешниот блиц...

Најмалку 155 заложници се ослободени, додека 27 милитанти се убиени за време на операцијата на пакистанските безбедносни сили што продолжи по нападот на милитантите на воз во југозападната пакистанска провинција Балоџистан.

Тоа е се за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 16.04.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите