| Macedonian
Дневни блиц вести 12.06.2026
00:00
00:0000:00
Свет
Дневни блиц вести 12.06.2026
Слушате блиц вести на ТРТ Балкан, денес е четврток, 12 јуни

Светските тензии не стивнуваат: Израел блокира хуманитарен пристап во Рафа, Орбан и Зеленски во нова вербална војна, а Ким и Путин го слават „нескршливиот сојуз“. Мадуро ја обвинува Америка за вмешаност во нападите во Колумбија, додека Хаити спроведува крвава акција против бандите со над 100 убиени.

Слушате блиц вести на ТРТ Балкан, денес е четврток, 12 јуни

Израел ги одби речиси сите обиди на ОН за пристап до резервите на гориво во Рафа

Израелските власти одбиле 29 од вкупно 35 обиди на ОН за пристап до резервите на гориво во Рафа од 13 април досега, соопштија ОН вчера, предупредувајќи дека недостапноста до гориво ја загрозува критичната инфраструктура низ Појасот Газа. Повикувајќи се на Канцеларијата за координација на хуманитарни прашања (ОЦНА), портпаролот на ОН, Фархан Хак изјави дека „недостигот на достапно гориво може да доведе до затворање на здравствени установи, како и на објекти за вода и санитација“.

Орбан: Украинците упатија отворени и сериозни закани до Унгарија

Орбан рече дека Украинците „одбиваат да прифатат дека во Унгарија народот одлучува за пристапувањето на Украина во Европската Унија“ и дека не прифаќаат дека оваа одлука може да биде негативна „па затоа се закануваат, уценуваат и напаѓаат“. „Препорачуваме, наместо закани и уцени, украинскиот претседател да им се заблагодари на Унгарците“, рече Орбан. Украинскиот претседател Зеленски во интервју претходно изјави дека владата на Орбан спроведува кампања против испраќање помош за Украина и е против приемот на Украина во Европската Унија.

Ким Џонг-ун: Односите Русија-Северна Кореја се развија во искрен и нескршлив сојуз

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун изјави дека врските на неговата земја со Русија се развиле во „нескршлив, искрен однос меѓу соборци и сојузници“. Ким ги даде овие забелешки во честитката што му ја испрати на рускиот претседател Владимир Путин во пресрет на Денот на Русија. Денот на Русија, кој се слави на 12 јуни, го одбележува усвојувањето на Декларацијата за државен суверенитет на Руската Федерација од страна на рускиот парламент во 1990 година. Пораката дојде и пред првата годишнина од потпишувањето на договорот за меѓусебна одбрана меѓу двајцата лидери во јуни минатата година, кој повикува на обезбедување воена помош „без одложување“ доколку која било страна биде нападната.

Мадуро ги обвини САД за случувањата во Колумбија

Претседателот Мадуро во својата изјава истакна: „Се спроведува план за соборување на Владата на Петро. Овој план го раководи Марко Рубио од САД и негова цел е да ја наполни Колумбија со криминални банди, насилство и тероризам. Всушност, гледате што се случува во Колумбија последните денови.“ Мадуро тврди дека планот за кој станува збор има цел да ја собори левичарската влада во Колумбија и да ја замени со крајно десничарска, „неофашистичка“ влада. 

И за крај на денешниот блиц...

Хаити: Над 100 припадници на банди убиени во голема полициска акција

Полицијата во Хаити уби повеќе од 100 членови на банди за време на 48-часовна операција со употреба на беспилотни летала и други тактичко-технички средства. Нападите со беспилотни летала беа насочени кон области контролирани од банди во различни делови од главниот град Порт-о-Пренс. Најмалку 100 членови на бандите загинаа, а многу други беа повредени како резултат на операциите. Властите не издадоа официјално соопштение во врска со операцијата. Сепак, Националната мрежа за одбрана на човековите права потврди дека полициската акција се случила.

Тоа е сѐ за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com


Слушни повеќе
Дневен блиц за 22.05.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите