Европската Унија и Индија постигнаа трговски договор, а во регионот продолжуваат протестите на превозниците
Слушате Дневни блиц вести, денес сме вторник 27 јануари
Моди: Индија и ЕУ постигнаа договор за слободна трговија
Индискиот премиер Нарендра Моди соопшти дека Индија и Европската Унија постигнале договор за слободна трговија, по завршувањето на долгогодишните преговори. Договорот ќе биде официјално прогласен и од европската комесарка Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта кои престојуваат во Њу Делхи во официјална посета.
Трамп: Венецуела забрзано ги ослободува политичките затвореници
Американскиот претседател Доналд Трамп го поздрави тековното ослободување на политичките затвореници во Венецуела. Вршителката на должноста претседателка на Венецуела, Делси Родригез, изјави дека лицата притворени за време на претседателството на Николас Мадуро ќе бидат ослободени.
Кина наводно ги хакирала помошниците на повеќе премиери на ОК
Кина наводно ги хакирала мобилните телефони на помошниците на неколку британски премиери, тврди британски „Телеграф“. Натписот се поклопува со посетата на Пекинг на актуелниот британски премиер Кир Стармер оваа недела, што би било прво такво патување од 2018 година. Засега нема официјални реакции од двете држави.
Руте: Можете да сонувате дека Европа може сама да се брани
Генералниот секретар на НАТО Марк Руте порача дека улогата на САД во алијансата е незаменлива и дека тие што мислат дека Европа може сама да се брани може само да сонува. Руте сепак порача дека Европа има свои предности и им е потребна на САД и НАТО.
И за крај на денешниот блиц…
Превозниците ги продолжија блокадите на граничните премини за камиони
Превозниците ја продолжија блокадата со камиони на товарниот сообраќај на граничните премини како дел од заедничкиот протест на превозниците од Западен Балкан кои бараат решение за проблемите поради електронската евиденција за престој во шенген-зоната.
Тоа беше сѐ за денешните блиц вести, за повеќе информации следете нѐ на социјалните мрежи
