| Macedonian
Дневни блиц вести 11.12.2025
00:00
00:0000:00
Политика
Дневни блиц вести 11.12.2025
Слушате Дневни блиц вести, денес сме четврток 11 декември
11 декември 2025

Тошковски ги негира написите за мигрантски кампови, а Исланд ќе ја бојкотира Евровизија ако учествува Израел

Слушате Дневни блиц вести, денес сме четврток 11 декември.

Тошковски: Тврдењата дека ќе бидеме хаб за мигранти не се реални

Македонија ниту размислува, ниту има какви било шанси да се согласи да биде центар за прифаќање на мигранти или отворање мигрантски кампови, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски од Брисел на Меѓународната конференција на Глобалната алијанса за борба против криумчарењето мигранти.

Хрватска потпиша договор за набавка на 44 тенкови „Леопард” од Германија

Хрватска потпиша договор со Германија за купување 44 тенкови „Леопард“ при посетата на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на Берлин. Канцеларот Мерц изрази благодарност за одлуката на Хрватска, а премиерот Пленковиќ нагласи дека ќе продолжи модернизацијата на хрватските вооружени сили. 

Вучиќ постои можност да се врати на премиерската функција

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека повторно би можел да биде премиер на земјата за што нема уставна пречка, но за тоа е потребна јавна поддршка. Тој рече дека нема да го менува Уставот за да може повторно да се кандидира за претседател.

Барак: Туркије да биде вклучена во силите за стабилизација во Газа

Амбасадорот на САД во Анкара и специјален пратеник за Сирија, Том Барак, смета дека Туркије треба да биде вклучена во Меѓународните сили за стабилизација за Газа. Тој го наведе воениот капацитет на Анкара и дипломатските канали за дијалог со палестинската група Хамас

И за крај на денешниот блиц…

Исланд меѓу земјите кои ќе ја бојкотираат Евровизија поради Израел

Исланд објави дека ќе го бојкотира изборот за песна на Евровизија во 2026 година, придружувајќи им се на Шпанија, Ирска, Словенија и Холандија во знак на протест против дозволувањето на Израел да биде дел од фестивалот, додека трае војната во Газа и случајот за геноцид пред меѓународните судови. Тоа беше сѐ за денешните блиц вести, за повеќе информации следете нѐ на социјалните мрежи

Слушни повеќе
Блиц вести за 04.03.2026
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите
БалканКаст: Пораките кои папата Франциско ги остави во регионот