| Macedonian
Дневни блиц вести 17.07.2026
00:00
00:0000:00
Политика
Дневни блиц вести 17.07.2026
Слушате Дневни блиц вести, денес сме петок 17 јули

Ескалираат нападите меѓу САД и Иран, а Израел ги засили нападите во Либан и покрај мировните преговори

Слушате Дневни блиц вести, денес сме петок 17 јули

САД изврши напади врз мостови во Иран на повеќе локации

Американските сили нападнаа пет моста и повеќе градови низ јужен и југоисточен Иран доцна ноќта. Едно лице е убиено, а осум други се повредени во напад врз населба во јужниот пристанишен град Бандар Абас. Пријавена е и експлозија во близина на аеродромот Ираншахр во југоисточен Иран.

Трамп е лут по коментарите на Нетанјаху за продажбата на Ф-35 на Туркије

Американскиот претседател Доналд Трамп бил „налутен“ од јавната критика на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за предложената продажба на борбени авиони Ф-35 од страна на САД на Туркије, објави „Аксиос“. Иако била планирана засега се уште не е закажана директна средба меѓу Трамп и Нетанјаху откако сојузниците изразија различни ставови по повеќе прашања. 

Џинпинг повика на безбедна и контролирана вештачка интелигенција

Кинескиот претседател Ши Џинпинг повика на развој на „безбедна и контролирана“ вештачка интелигенција, додека се засилува трката и конкуренцијата во високата технологија со САД. Џинпинг го објави основањето на Светската организација за соработка во вештачката интелигенција, која опфаќа 29 нации и чие седиште ќе биде во Шангај.

Белата куќа: Кина собрала податоци на над 220 милиони гласачи од САД

Трамп изјави дека Кина, почнувајќи од изборниот циклус во 2020 година, дошла до податоци на 220 милиони американски гласачи, оценувајќи го овој инцидент како најголемо компромитирање на изборни податоци во историјата. Целта била да се попречи неговиот реизбор и да се изврши притисок врз изборните процеси, што Пекинг остро го негираше.

И за крај на денешниот блиц…

Израел ги ескалира нападите во Либан и покрај мировните преговори

Израелската армија ги ескалира нападите низ јужен Либан, еден ден по директните разговори меѓу Бејрут и Тел Авив во италијанскиот главен град Рим. Предмет на преговорите беше повлекување на воените сили на Израел од либанската територија кое ќе се одвива во две фази.

Тоа беше сѐ за денешните блиц вести, за повеќе информации следете нѐ на социјалните мрежи


Слушни повеќе
Дневни блиц вести 28.07.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите