| Macedonian
Блиц вести 26.02.2025
00:00
00:0000:00
Политика
Блиц вести 26.02.2025
Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е среда, 26 февруари

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека турската енергетска компанија Казанчи Холдинг ќе гради две гасни централи во инвестиција вредна една милијарда евра. Приклучоците на гасоводна и топловодна мрежа за домаќинствата ќе бидат бесплатни, а цената на природниот гас ќе биде многу пониска од берзанската.

Хамас и Израел за време на средбите во Каиро се договориле како да тече ослободувањето на преостанатите палестински затвореници и останките на израелските заложници. Договорот за прекин на огнот ќе биде спроведен. 

Израел изврши серија воздушни напади на сириска територија што ги потврди министерот за одбрана Кац. Израелската војска изврши упади во Голанската висорамнина, што наиде на осуда од регионот. 

Руското Министерство за одбрана извести дека собориле 128 беспилотни летала на Украина со помош на системите за противвоздушна одбрана. Украина синоќа преку дроновите се обидела да нападне руска територија во повеќе региони. 

И за крај на денешниот блиц...

Украина се согласи на договор за експлоатација на ретки минерали во заедничко претпријатие со САД, а потписот во Вашингтон се очекува да го стави украинскиот претседател Зеленски до крајот на неделата каде е повикан од претседателот Трамп. 

Тоа е се за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com

Слушни повеќе
Дневен блиц за 28.05.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите