| Macedonian
Блиц вести 10.11.2025
00:00
00:0000:00
Политика
Блиц вести 10.11.2025
Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за понеделник 10 ноември

Туркије одбележува 87 години од смртта на Ататурк, на локалните избори во Косово, Самоопределување и ЛДК освоија 7 општини, Српската листа 10, над 2 700 откажани летови дневно во САД поради блокадата на владата. Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за понеделник 10 ноември

Туркије одбележува 87 години од смртта на Ататурк

Со официјална државна церемонија во Антикабир, мавзолејот во Анкара денеска во Туркије започна одбележувањето на 87 годишнијата од смртта на Мустафа Кемал Ататурк, основачот на Република Туркије.

Церемонијата започна со учество на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, претседателот на парламентот Нуман Куртулмуш, членови на кабинетот, лидери на политички партии, високи судски функционери и воени команданти.

Ердоган положи венец од црвени и бели каранфили во облик на турското знаме на гробот на Ататурк.

Ѓорѓиевски: Успешна акцијата за чистење на Скопје, нема да дозволам да се повтори грдата слика

Над четири и пол илјади тони отпад или четири до пет пати повеќе од секој вообичаен викенд што се собирало во Скопје се собрани во акцијата за чистење што ја почна новиот градононачалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски веднаш по преземањето на градоначалничката функција. 

Во синоќешната изјава дадена на плоштадот „Македонија“ по изминувањето на 72 часа, Ѓорѓиевски рече дека акцијата е успешно реализирана и дека во неа биле вклучени над две и пол илјади работници. 

Локални избори во Косово: Самоопределување и ЛДК освоија по седум општини, српската Листа десет

Движењето Самоопределување и Демократскиот сојуз за иднината на Косово освоија најмногу гласови во седум општини, Демократската партија на Косово во шест, Алијансата за иднината на Косово во пет, додека Српската листа освои гласови во десет општини на локалните избори во Косово кои се одржаа вчера.

Резултатите не ги вклучуваат гласовите по пошта и гласовите од лицата со попреченост и пречки во развојот.

Претседателот на ЦИК, Крешник Радониќи, изјави дека гласовите од дијаспората се очекуваат на почетокот на следната недела.

Над 2.700 откажани летоиви дневно во САД поради буџетската блокада на Владата

Продолжуваат нарушувањата на воздухопловните активности во САД поради 40-дневната буџетска блокада на Владата

Во петокот во САД беа откажани повеќе од 1.000 летови, во саботата над 1.500, додека вчера беа откажани повеќе од 2.700 летови.

Во меѓувреме, американскиот министер за транспорт Шон Дафи изјави дека доколку буџетската блокада продолжи, воздушниот сообраќај во САД би можел да се намали до 20%.

Генералниот директор на Би-Би-Си поднесе оставка поради скандалот со монтираните снимки од Трамп

Генералниот директор на Би-Би-Си, Тим Дејви, и извршната директорка за вести, Дебора Тернес, вчера поднесоа оставка поради обвинувањата дека говорот на американскиот претседател Доналд Трамп во документарец емитуван од радиодифузерот минатата година бил монтиран за да се доведат во заблуда гледачите.

Ова доаѓа откако „Телеграф“ неодамна објави дека протекол интерен меморандум на Би-Би-Си, во кој се сугерира дека се монтирани два дела од говорот на Трамп заедно, за да изгледа како тој експлицитно да поттикнува немири на Капитол Хил во јануари 2021 година.

Тоа беше се за денешните блиц вести. За повеќе информации посетете не на macedonian.trtbalkan.com.

 

 

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 24.07.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите