| Macedonian
Дневни блиц вести 02.12.2025
00:00
00:0000:00
Политика
Дневни блиц вести 02.12.2025
Слушате Дневни блиц вести, денес сме вторник 2 декември
2 декември 2025

Започна тестирањето на системот за регистрирање сообраќајни прершоци Безбеден град, а Вучиќ најави нови парламентарни избори

Слушате Дневни блиц вести, денес сме вторник 2 декември 

Kaко ќе функционира системот „Безбеден град”

Започна пробниот период на системот “Безбеден град” со опомени за учесниците во сообраќајот кои не возат според прописите. Прекршителите ќе бидат известени по смс или по маил откако ќе бидат регистрирани на безбедносните камери. Од 1 јануари системот официјално ќе биде во употреба.

Ердоган: Загрижуваат нападите врз трговските бродови во Црното Море 

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги критикуваше нападите врз танкерите за нафта што пловат кон Русија во близина на брегот на Црното Море на Туркије како „загрижувачка ескалација“ која јасно ја загрозува безбедноста на пловидбата во Црното Море.

Лав XIV: Можен е мир на Блискиот Исток и покрај предизвиците

Папата Лав XIV изјави дека единството, партнерството, помирувањето и мирот се можни на Блискиот Исток и покрај предизвиците. Тој се обрати пред лидерите на христијаните и муслиманите во Бејрут главниот град на Либан кои исто така повикаа на мир и единство.

Украдени 20.000 парчиња муниција од германската војска

Околу 20.000 парчиња муниција што им припаѓале на германските вооружени сили, Бундесвер, наводно биле украдени од цивилен камион за транспорт, потврди Министерството за одбрана на Германија.

И за крај на денешниот блиц...

Вучиќ: Парламентарни избори во Србија најдоцна за една година

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека земјата влегла во изборна година и дека единственото прашање што останува е дали покрај парламентарните избори ќе се одржат и претседателски избори најдоцна за една година.

Тоа беше сѐ за денешните блиц вести, за повеќе информации следете нѐ на социјалните мрежи

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 09.12.2025
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите
БалканКаст: Пораките кои папата Франциско ги остави во регионот
БалканКаст: Ѕвезда хуманитарно во Скопје, публиката желна за регионален фудбал
БалканКаст: Како да се зауздаат дивите возачи и нивните родители?