| Macedonian
Дневни блиц вести 04.06.2025
00:00
00:0000:00
Свет
Дневни блиц вести 04.06.2025
Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е среда, 4 јуни

САД воведоа 50% царини на увоз на челик и алуминиум, одлука што стапи на сила на полноќ. Во ОН, Словенија побара итен прекин на огнот во Газа, додека Туркије најави нови мировни преговори меѓу Русија и Украина, а Лула да Силва остро ја осуди израелската офанзива како геноцид

Новите царини од 50 проценти за увоз на алуминиум и челик во САД стапија на сила на полноќ

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, синоќа потпиша извршна наредба со која се зголемуваат царините за увоз на челик и алуминиум од 25 на 50 проценти, а таа стапи на сила на полноќ по локално време. Мерката се однесува на сите трговски партнери освен на Велика Британија, која е единствената досега што постигна прелиминарен трговски договор со САД за време на 90-дневната пауза од воведувањето на поширок пакет царини, објави Белата куќа.

Словенија во нацрт-резолуцијата на ОН повика на итен прекин на огнот и пристап до помош до Газа

Словенија, во име на избраните членови на Советот за безбедност на ОН, во вторник поднесе нацрт-резолуција со која повикува на итен, безусловен и траен прекин на огнот во Појасот Газа и побара гласање во среда. Документот, изразува „сериозна загриженост за катастрофалната хуманитарна ситуација, вклучително и ризикот од глад“, и потсетува на обврската на сите страни да се придржуваат кон меѓународното хуманитарно право. 

Фидан истакнува очекувања на нови мировни преговори меѓу Русија и Украина каде двете страни согледуваат придобивки

Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, изјави дека очекува нова рунда мировни преговори меѓу Русија и Украина, бидејќи двете страни ја согледуваат важноста на дијалогот. Синоќа, во интервју за ТРТ Њуз, министерот Фидан потенцираше дека војната, која веќе влегува во четвртата година, не е повеќе конфликт само меѓу две земји, туку ескалира во глобална криза поради вклученоста на меѓународни актери.

Лула да Силва: Она што се случува во Газа е геноцид

Претседателот Лула да Силва остро реагираше на нападите на Израел врз Газа на прес-конференција во Претседателската палата Планалто. Нагласувајќи дека она што се случува во Газа нема никаква врска со војна, бразилскиот претседател истакна: „Она што се случува во Појасот Газа е геноцид. Се убиваат жени и деца кои немаат никаква врска со војната. Тие убиваат жени и деца, децата ги оставаат да гладуваат. Мислам, не можете ниту да пешачите таму со намера да пронајдете некого. Има видеоснимка како две деца носат брашно за подготовка на јадење и тие беа убиени.“

И за крај на денешниот блиц...

Нуман Куртулмуш е повторно избран за претседател на турскиот парламент

Tурскиот парламент во вторник го реизбра Нуман Куртулмуш, пратеник од Истанбул од редовите на владејачката Партија за правда и развој (АК), за претседател. Од 529 гласови во третиот круг, Куртулмуш обезбеди 320, надминувајќи го потребното мнозинство од 301 глас. Угур Бајрактутан од Републиканската народна партија (CHP) доби 118 гласови, додека Мустафа Џихан Пачаџи од Партијата ИЈИ и Мехмет Караман од Партијата Нов пат добија по 26. Осман Џенгиз Чандар од Партијата ДЕМ доби 18 гласови. Едно гласачко ливче остана празно, а 11 беа неважечки.

Тоа е сѐ за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com


Слушни повеќе
Дневен блиц за 08.05.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите