Кардиналите треба да се договорат околу погребот на Папата
Католичките кардинали треба да се сретнат денеска за да разговараат за подготовките за погребот на папата Франциск, објавија локалните медиуми.
Се додава дека телото на папата се очекува да биде пренесено во базиликата Свети Петар утре за верниците да оддадат почит.
Конклавата на која ќе се избере новиот папа се очекува да се одржи меѓу 6 и 10 мај, но може да се одржи и порано доколку сите кардинали се присутни во Рим.
Папата Франциск почина вчера на 88-годишна возраст.
Путин предложи директни билатерални разговори со Украина
Рускиот претседател Владимир Путин вчера предложи билатерални разговори со Украина за прв пат од почетокот на војната, а неговиот украински колега Володимир Зеленски рече дека Киев сака да разговара за запирање на нападите врз цивилни цели.
Зеленски истакна дека Украина „била подготвена за каков било разговор“ за прекин на огнот што ќе ги запре нападите врз цивилите.
Најмалку 15 убиени Палестинци во новите израелски нападина Газа
Уште најмалку 15 Палестинци се убиени во денешните израелски напади во Појасот Газа,
Палестинската државна новинска агенција Вафа објави дека девет лица, меѓу кои две деца, загинале, а 13 други се повредени во израелски воздушен напад врз зграда во центарот на градот Кан Јунис, јужниот дел на Појасот Газа.
Во градот Деир ал Балах, централна Газа бил убиен лекар.
Во северниот дел на Појасот Газа, при напад со беспилотно летало врз група цивили во бегалскиот камп Џабалија се убиени пет лица
Опозицијата бара оставка од Нетанјаху
Политичкиот притисок врз израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се зголемува.
Лидерите на израелската опозиција бараат негова оставка обвинувајќи го дека ја загрозува безбедноста на земјата.
Критиката доаѓа по писмото на шефот на Шин Бет Ронен Бар до Врховниот суд, каде што тој се осврна на обидот на Нетанјаху да го разреши - потег што предизвика сериозна загриженост.
Харвард поднесе тужба против федералната Влада
Тензиите меѓу Универзитетот Харвард и администрацијата на Трамп се зголемуваат.
Харвард поднесе тужба против федералната влада, оспорувајќи ја нејзината одлука да замрзне финансирање од над 2 милијарди долари.
Претседателот на Харвард, Алан Гарбер, истакна дека овој потег доаѓа по серијата, како што рече, одмазднички акции од страна на владата.
Тоа е се за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com
