Фидан порача дека Пактот од Мека не се однесува на напади врз други земји, а Максико истражува дали припадници на нарко-картели војуваат во Украина
Слушате Дневни блиц вести, денес сме петок 9 октомври
Фидан: Одбранбениот пакт од Мека не дозволува напади врз други земји
Туркије ги заврши подготовките за доставување на Заедничкиот одбранбен договор од Мека до парламентот на одобрување. Министерот за надворешни работи Хакан Фидан, нагласи дека пактот е наменет за заемна одбрана и не дозволува напади врз други земји.
Русија бара екстрадиција за членовите на МКС кои ги судеше во отсуство
Русија побара од Холандија да екстрадира девет службеници на Меѓународниот кривичен суд (МКС), кои се осудени од страна на рускиот суд во отсуство. Се бара притворање и екстрадиција на функционерите, вклучувајќи ја и претседателката на МКС, Томоко Акане.
Трамп: САД нема да го нападнат Иран пред среднорочните избори
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД нема да го нападнат Иран пред среднорочните избори бидејќи двете страни водат „продуктивни разговори“. Трамп рече дека блокадата на Иран и натаму „ќе остане во целосна сила и важност“.
Претседателите на Иран и Русија разговараа за унапредување на стратешката соработка
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан и неговиот руски колега Владимир Путин се сретнаа во Туркменистан за да разговараат за проширување на билатералната економска и стратешка соработка.
И за крај на денешниот блиц…
Мексико ќе истражува дали припадници на нарко-картели војуваат во Украина
Претседателката на Мексико соопшти дека е поведена истрага за видеоснимка што кружи на социјалните мрежи, на која се гледаат двајца вооружени мажи кои тврдат дека се членови на нарко-картелите од Халиско и Синалоа, а се дел од странските воени легии распоредени во Украина.
Тоа беше сѐ за денешните блиц вести, за повеќе информации следете нѐ на социјалните мрежи
