| Macedonian
Дневни блиц вести 09.09.2025
00:00
00:0000:00
Политика
Дневни блиц вести 09.09.2025
Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е вторник, 9 септември
9 септември 2025

Србија изрази загриженост поради договорот за соработка во одбраната меѓу Хрватска и Словенија, а Макрон ќе треба да назначи нов премиер на Франција

Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е вторник, 9 септември

Србија: Загриженост за договорот за одбрана меѓу Хрватска и Словенија

Српскиот министер за надворешни работи Марко Ѓуриќ ја критикуваше декларацијата за одбранбена соработка потпишана од Хрватска и Словенија минатата недела, велејќи дека на регионот му се потребни нови мостови на соработка, а не ѕидови.

Милатовиќ-Жељазков: Бугарија ја поддржува Црна Гора во ЕУ

Црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ изјави дека Бугарија продолжува да дава силна поддршка на европскиот пат на Црна Гора, но дека нивна обврска е да ги забрзаат реформите, да ги исполнат преземените задачи и да станат полноправна членка на Европската Унија до 2028 година.

Армијата на Израел нареди евакуација на градот Газа 

Армијата на Израел издаде нова наредба за евакуација на жителите на целиот град Газа утрово и предупреди на голем напад како дел од планот за окупација. Жителите треба да се движат кон безбедната зона во Ал Маваси.

Брод на Флотилата Сумуд погоден со дрон, Тунис негира 

Еден од главните бродови на Глобалната флотила за Газа бил погоден од дрон во туниските води, соопшти флотилата, додавајќи дека ниту еден од шесте патници и членови на екипажот не е повреден, но Националната гарда на Тунис го негираше извештајот, велејќи дека експлозијата се случила во внатрешноста на бродот.

И за крај на денешниот блиц...

Францускиот Парламент изгласа недоверба на премиерот Бајру

Францускиот Парламент изгласа недоверба на премиерот Франсоа Бајру, објави претседателката на Националното собрание, Јаел Браун-Пиве. Главната причина за недовербата е неговиот предлог буџет за кратење на јавниот долг и дефицитот.

Тоа е сѐ за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 16.03.2026
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите
БалканКаст: Пораките кои папата Франциско ги остави во регионот