Трамп вели дека војната ќе заврши наскоро, а Иран нема да настапи на Мундијалот
Слушате Дневни блиц вести, денес сме четврток 12 март
Трамп: Војната во Иран ќе заврши наскоро
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војната на САД и Израел против Иран ќе заврши „наскоро“, бидејќи нападите ја исполниле целта и уништени се речиси сите воени капацитети.
Хезболах испали 100 ракети кон Израел
Либански Хезболах испали 100 ракети во еден бараж кон области во Израел, додека видео снимки покажаа дека некои од нив директно паѓаат на земја предизвикувајќи штети, но без повредени и човечки жртви.
Ердоган: Туркије е секогаш на страната на мирот, а не војната
Ставот на Анкара во врска со Иран е „јасен“, рече претседателот Реџеп Таип Ердоган, и додаде дека Туркије е секогаш на страната на мирот, а не на страната на војната. На ифтарската вечера во Анкара тој побара крај на непријателствата во војната на САД и Израел против Иран.
Пезешкијан: Војната може да заврши само со гаранции за Иран
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека единствениот начин да се стави крај на војната меѓу САД, Израел и Иран е преку признавање на „легитимните права“ на неговата земја и цврсти меѓународни гаранции против „идна агресија“.
И за крај на денешниот блиц…
Иран нема да учествува на светското првенство во фудбал
Иран нема да учествува на Светското првенство во фудбал во 2026 година, откако ко-домаќинот САД изврши воздушни напади врз земјата во кои беше убиен врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи, изјави министерот за спорт Ахмад Донјамали. Според ФИФА местото на Иран и натаму е отворено доколку се предомислат.
Тоа беше сѐ за денешните блиц вести, за повеќе информации следете нѐ на социјалните мрежи
