САД и Индија потпишаа десетгодишен договор за одбранбена соработка, Израел планира околу 2 000 станбени единици на Западниот Брег, во Египет се отвора археолошки музеј вреден милијарда долари. Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за петок 31 октомври.
САД и Индија потпишаа десетгодишна рамка на соработка во одбраната
САД и Индија потпишаа 10-годишен одбранбен договор, соопштија шефовите на министерства за одбрана Пит Хегсет и Раџнат Синг. Договорот е потпишан за време на средбата во Куала Лумпур, главниот град на Малезија.
Ова го унапредува нашето одбранбено партнерство, камен-темелник за регионалната стабилност и одвраќање.“, напиша Хегсет.
Сингх ја нарече средбата со Хегсет „плодна“ и рече дека тие ја потпишале 10-годишната „Рамка за големото одбранбено партнерство меѓу САД и Индија“.
Израел планира да одобри изградба на речиси 2.000 нови станбени единици на окупираниот Западен Брег
Израелскиот министер за финансии од крајната десница Безалел Смотрич денес соопшти дека Високиот совет за планирање ќе одобри изградба на 1.973 нови станбени единици на окупираниот Западен Брег за време на следната седница.
Сепак, тој не прецизираше кога ќе се состане Советот, објави израелскиот Канал 12.
САД нотирале над 100 прекршувања на човековите права во Газа од Израел
Весникот „Вашингтон пост“ (ВП) тврди дека во таен извештај подготвен од Владата на САД се наведува дека Израел ги прекршил законите за човекови права на САД во Газа „стотици пати“ и дека истрагата за овие кршења во Стејт департментот ќе трае „неколку години“.
„Вашингтон пост“, повикувајќи се на двајца американски функционери, објави дека Инспекторатот на американскиот Стејт департмент подготвил таен извештај за кршењата на човековите права извршени од странски армии кои примаат американска помош.
Кинескиот министер за одбрана: Кина има целосен капацитет да одговори на секоја провокација
Кина има „целосна способност и самодоверба“ мирно да одговори на какви било „акти на провокација или прекршување“, му рече министерот за одбрана Донг Џун на својот американски колега Пит Хегсет на првата тет-а-тет средба денеска во Куала Лумпур, на маргините на самитот на шефовите на одбранбени сили на земјите од Југоисточна Азија (АСЕАН).
Според официјалното соопштение од кинеското Министерство за одбрана, Кина останува „посветена на мирен развој, а воедно решително ги заштитува своите национални безбедносни интереси“.
По 20 години изградба во Египет се отвора архелолошки музеј вреден милијарда долари
По 20 години изградба и повеќе од една деценија од првичното планирање, Големиот египетски музеј во Гиза, вреден 1 милијарда долари, ќе биде отворен утре на локација во близина на пирамидите, а на церемонијата ќе присуствуваат египетскиот претседател Абдел Фатах ел-Сиси и светски лидери.
Музејот, кој се смета за најголем археолошки локалитет во светот посветен на една цивилизација, се простира на 470.000 квадратни метри и содржи повеќе од 50.000 предмети, вклучувајќи го и колосот на Рамзес II од 83 тони.
Тоа беше се за денешните блиц вести. За повеќе информации посетете не на macedonian.trtbalkan.com.
