| Macedonian
Дневни блиц вести 21.08.2026
00:00
00:0000:00
Свет
Дневни блиц вести 21.08.2026
Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е петок 21 август

Кубанскиот министер Родригез го обвини Рубио за осакатувачките санкции. Амнести интернешнал ја повика Италија да го прекине договорот со Албанија за притвор на мигранти.

Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е петок 21 август

Кубанскиот министер Родригез го обвини Рубио за осакатувачките санкции

Кубанскиот министер за надворешни работи, Бруно, го обвини американскиот државен секретар Марко Рубио дека презема мерки против кубанските компании и функционери со цел да се оштети економијата на земјата и да се ограничат основните услуги. Родригез рече дека мерките го попречуваат транспортот на контејнери што превезуваат храна, лекови и медицинска опрема, од кои голем дел се купени од кубански приватни микро, мали и средни претпријатија.

Амнести интернешнал: Италија да го прекине договорот со Албанија за притвор на мигранти

Амнести интернешнал ја повика Италија да го прекине договорот со Албанија за притвор на мигранти, предупредувајќи дека офшор-аранжманот ги загрозува безбедноста, слободата и човековите права на барателите на азил и мигрантите. Во извештајот, во кој се разгледува договорот од 2023 година, организацијата за човекови права соопшти дека стотици луѓе биле присилно пренесени во објекти во Албанија, каде што ограничениот пристап до адвокати и судови ја поткопува нивната можност да побараат азил и да добијат правда.

Ајша Вахаб стана прва конгресменка на САД со потекло од Авганистан

Ајша Вахаб стана првата членка на Конгресот на САД која има потекло од Авганистан, откако победи на специјалниот втор круг избори за пополнување на местото во 14-от Конгресен округ на Калифорнија. Пратеничкото место беше испразнето откако конгресменот Ерик Свалвел поднесе оставка поради обвинувања за сексуален напад. Со преброени 100% од гласачките ливчиња, Вахаб доби 53,1% од гласовите, победувајќи ја нејзината демократска сопартијка Мелиса Хернандез, која освои 46,9%.

Сиљановска-Давкова: Мора да ја зајакнеме проактивната дипломатија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во обраќањето на Амбасадорскиот совет порача дека „во новата мултиполарна реалност мора да ја зајакнеме проактивната дипломатија, водени од јасен национален, натпартиски надворешнополитички компас“. Сиљановска-Давкова потсети дека во време на слаб мултилатерализам и растечка мултиполарност, неопходни се институционални реформи на меѓународните, но и европските структури заради превенција или брз одговор на безбедносните закани, но и домашно адаптирање на новите предизвици.

И за крај на денешниот блиц…

Роналдињо се враќа во фудбалот 11 години по последниот настап

Бразилската фудбалска легенда Роналдињо пристигна во Италија вчера за да ѝ се приклучи на Равена, од Серијата Ц, со што го означи своето враќање во професионалниот фудбал 11 години по последниот настап. Поранешната ѕвезда на Барселона и Милан во јуни потпиша договор со италијанскиот третолигаш, а истовремено се стекна и со сопственички удел во клубот.

Тоа е сѐ за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 20.08.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите