| Macedonian
Блиц вести 25.02.2025
00:00
00:0000:00
Политика
Блиц вести 25.02.2025
Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е вторник, 25 февруари

Израел под водство на Ејал Замир новиот началник на генералштабот се подготвува за нова офанзива на Газа, за што има поддршка од администрацијата на Трамп. Официјални лица упатија предупредувања до Хамас дека новата офанзива ќе биде многу поразорна. 

Во Обединетите нации се гласаше за две нацрт резолуции за Украина, од кои првата поднесена од САД доби поддршка од Русија и други земји, а потоа вториот нацрт содржеше амандмани од земјите членки на ЕУ за осуди на руската агресија.

Претседателот Путин му предложи нов економски договор на Трамп во кој се предвидува заедничко истражување на ретки минерали со САД и енергетска соработка, а за возврат да бидат укинати американсите царини. 

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека само Туркије може да ја спаси Европската унија од ќор-сокакот во кој западна, на економски и одбранбен план, но на и губење на значајноста на меѓународната политика.  Ердоган рече дека либералната демократија, „најатрактивната идеологија“ на минатиот век, е во сериозна криза, а во подем е екстремната десница. 

И за крај на денешниот блиц...

Технолошкиот гигант Епл најави инвестиција вредна 500 милијарди долари за развој на вештачка интелигенција и нови софтверски услуги и производи. Планирана е нова фабрика во Хјустон и академија за инженери во Детроит.

Тоа е се за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com

Слушни повеќе
Дневен блиц за 27.07.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите