| Macedonian
Дневни блиц вести 30.01.2026
00:00
00:0000:00
Политика
Дневни блиц вести 30.01.2026
Слушате Дневни блиц вести, денес сме петок 30 јануари

Македонските превозници се повлекоа од блокадите на границите, а Путин ќе ги прекине нападите на Киев по барање на Трамп 

Слушате Дневни блиц вести, денес сме петок 30 јануари

Македонските превозници се повлекуваат од блокадите

Македонските превозници се повлекоа од блокадите на товарниот дел од граничните премини, одлучи Aсоцијацијата Макам-транс. Европската комисија донесе одлука за нова стратегија за визи за решавање на проблемот со кој се соочија професионалните возачи за престојот во шенген-зоната.

Вучиќ: Наскоро ќе донесеме одлука за задолжителен воен рок

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека одлуката за задолжителен воен рок во Србија ќе биде донесена во наредните месеци, а потоа ќе се гласа во Народното собрание. Генералштабот ги прави сите неопходни подготовки на капацитетите за прием и обука на регрутите. Србија во 2010 година го укина задолжителниот воен рок. 

Лавров: Бараме од ОН да го признае правото на новите руски региони

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва испратила барање до Обединетите нации да го признаат правото на самоопределување на жителите на „новите региони во рамките на Русија“ и посочи дека Западот претходно го користел правото на самоопределување како клучен критериум за независноста на Косово.

Стармер: Историски момент за продлабочување на соработката со Кина

Британскиот премиер Кир Стармер од Пекинг ги повика британските компании да ја продлабочат соработката со Кина. Стармер смета дека ова е историски момент откако беа потпишани повеќе договори за олеснување на соработката меѓу двете земји. Тој е прв британски премиер во посета на Кина од 2018 година. 

И за крај на денешниот блиц…

Трамп го убеди Путин да ги паузира нападите врз Киев

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин се согласил една недела да не извршува напади врз Киев и други украински градови поради екстремно ниските температури во регионот и прекинот на струја и греење.

Тоа беше сѐ за денешните блиц вести, за повеќе информации следете нѐ на социјалните мрежи

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 13.07.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите