| Macedonian
Дневни блиц вести 20.10.2025
00:00
00:0000:00
Политика
Дневни блиц вести 20.10.2025
Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денес е понеделник, 20 октомври
20 октомври 2025

Владејачките ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ победија на локалните избори, а Трамп по протестите тврди дека не крал на САД

Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денес е понеделник, 20 октомври

ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ прогласија победа на локалните избори

Владејачките партии ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ прогласија победа во првиот круг на локалните избори, според првичните обработени податоци од Државната изборна комисија. ВМРО-ДПМНЕ води во над 50 општини, а во над 30 нивните кандидати победија уште во првиот круг, додека пак ВРЕДИ победи во десетина општини, од кои повеќето во првиот круг, а конкурентни ќе бидат и во второто гласање за две недели.

Мицкоски: Нема да славиме туку секој глас ќе го претвориме во дело

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по првиот круг на Локалните избори 2025 порача дека убедливата победа не е крајот, туку само почеток на новата македонска енергија- мирна, одлучна и праведна. Тој порача дека победата нема да ја слават туку ветуваат дека секој глас ќе го претворат во дело.

Филипче: Не е посакуваниот, но резултатот не е лош

Опозицискиот лидер Венко Филипче по првичните резултати порача дека СДСМ покажува знаци на консолидација. Тој посочи дека во добар дел од општините СДСМ има зголемување на бројот на гласови во однос на ланските парламентарни и претседателски избори. Сепак, Левица во повеќе општини ја надмина СДСМ и претендира да стане предводник во опозицискиот блок. 

Туск: Да не се врши притисок врз Украина да се откаже од територија 

Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека ниедна земја не треба да врши притисок врз Украина да ѝ предаде територија на Русија во потрага по мировен договор. Се очекува Трамп и Путин наскоро да се сретнат во Будимпешта за да разговараат за изгледите за завршување на војната.

И за крај на денешниот блиц...

Трамп за протестите за време на викендот: „Јас не сум крал“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ги отфрли обвинувањата за авторитаризам по протестите за време на викендот „Без кралеви“, велејќи дека работи неуморно за да ѝ служи на својата земја, а не да ја владее. Милиони демонстранти се собраа низ САД во саботата за да протестираат против Трамп и неговата администрација.

Тоа е сѐ за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 17.04.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите