Средба Ердоган - Трамп синоќа за време на самитот на НАТО во Хаг, генералниот секретар на НАТО оптимист дека членките ќе издвојуваат повеќе пари за одбраната, Кина повика на траен мир меѓу Израел и Иран. Слушате блиц вести на македонски за среда 25 јуни.
Средба Ердоган – Трамп на самитот на НАТО во Хаг
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, вчеравечер се сретна со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, во Хаг, каде што присуствуваше на Самитот на шефовите на држави и влади на НАТО.
За време на состанокот, беа разгледани билатералните односи меѓу Туркије и САД, како и регионалните и глобалните прашања.
Претседателот Ердоган за време на состанокот изјави дека двете земји имаат значаен потенцијал во различни области, особено во енергетиката и инвестициите, и дека унапредувањето на соработката во одбранбената индустрија ќе го олесни постигнувањето на целта за трговска размена од 100 милијарди долари.
Руте оптимист дека членките на Алијансата ќе издвојат по 5 проценти од БДП за одбраната
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска изјави дека е „оптимист“ дека земјите-членки ќе се согласат за нова цел 5% од БДП да бидат наменети за трошоци за одбраната, исполнувајќи ги очекувањата на САД за посилен европски придонес во колективната одбрана.
Зборувајќи пред состанокот на лидерите на НАТО во Хаг, Руте рече дека иако финансиската обврска би била политички предизвикувачка за многу земји, заканата од Русија и пошироката глобална нестабилност не оставаат алтернатива.
Мисајловски: Остануваме кредибилен сојузник во НАТО
Македонскиот министер за одбрана Владо Мисајловски синоќа во Хаг, на покана на неговиот холандски колега Рубен Брекелманс, учествуваше на средбата на министри за одбрана на земјите – членки на НАТО.
Мисајловски, како што соопшти Министерството за за одбрана, на средбата подвлече дека земјата останува силно посветена на заедничката цел – безбедна и сигурна Алијанса и безбедни над една милијарда луѓе во светот.
„Исполнувањето на НАТО целите на способности се највисок приоритет на одбраната и тоа ќе се реализира преку инвестициите во одбраната, како и преку процесот на модернизација и опремување на Армијата кој е во тек“, истакна Мисјаловски.
Кина повика на ттраен мир меѓу Израел и Иран
Кина денеска повика на траен и ефикасен прекин на огнот меѓу Израел и Иран, еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп објави прекин на непријателствата меѓу двете земји.
„Кина внимателно ги следи случувањата на Блискиот Исток. Се надеваме дека ќе видиме траен и ефикасен прекин на огнот и ќе работиме на промовирање на мирот и стабилноста на Блискиот Исток “, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи Гуо Џиакун на прес-конференција во Пекинг.
Еден офицер и шест војници убиени во борбите во јужниот дел на Газа
Еден израелски офицер и шест војници беа убиени вчера за време на борбите во јужниот дел на Појасот Газа, соопшти армијата денес.
Сите убиени војници служеле во 605. борбен инженерски баталјон.
Израелската армија спроведува офанзива во Газа од октомври 2023 година, во која се убиени над 56.000 Палестинци, повеќето од нив жени и деца.
Тоа е се за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com
