| Macedonian
Дневни блиц вести 26.01.2026
00:00
00:0000:00
Политика
Дневни блиц вести 26.01.2026
Слушате Дневни блиц вести, денес сме понеделник 26 јануари
26 јануари 2026

Преговорите меѓу Русија и Украина ќе продолжат во Абу Дабу, а преминот Рафа во Газа повторно ќе биде отворен

Слушате Дневни блиц вести, денес сме понеделник 26 јануари

Кремљ: Следната рунда преговори ќе се одржи во Абу Даби

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека следната рунда мировни преговори меѓу Русија и Украина, со посредство на САД, е планирана за следната недела, повторно во Абу Даби. Иако има одреден напредок се уште е рано за финален договор. 

Јужна Кореја ќе гради два нови нуклеарни реактори

Јужна Кореја објави дека ќе изгради два нови нуклеарни реактори до 2038 година, поради зголемената побарувачка за чиста енергија. Целта е да се намали производството од фосилни горива кое го зголемува загадувањето за што има поддршка од јавноста.

Ердоган: Борбата против терористичката група ДЕАШ се зајакнува

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека се зајакнува борбата со  терористичката група ДЕАШ, а корените на секој тероризам во опкружувањето на земјата се искоренети. Ердоган порача дека сепаратизмот и тероризмот на северот на Сирија ќе бидат поразени за задржување на сириската сувереност и поголема безбеденост во регионот. 

Навроцки: Русија ќе остане закана за Европа

Полскиот претседател Карол Навроцки рече дека Русија и нејзините лидери ќе продолжат да претставуваат трајна закана за Централна и Источна Европа, без оглед на промените во политичкиот систем на Москва и затоа регионот мора да ги зголеми трошоците за одбрана и вооружување. 

И за крај на денешниот блиц…

Израел: Преминот Рафа ќе биде отворен, но со ограничувања

Израел се согласил на ограничено повторно отворање на граничниот премин Рафа, како дел мировниот план од 20 точки на американскиот претседател Доналд Трамп за Газа. Израел сепак, ќе има целосна контрола над преминот кој ќе биде отворен само за пешаци.

Тоа беше сѐ за денешните блиц вести, за повеќе информации следете нѐ на социјалните мрежи

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 16.04.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите